Мобилна апликација Форевер Бугарија

Почетна страница

Политика на доверливост

Сајт на Форевер Ливинг Продактс Бугарија - Македонија

Сајт на Форевер Ливинг Продактс

Български

English

Мобилна апликација Форевер Бугарија

Мобилната апликација Форевер Бугарија е бесплатна за iOS и Android соодветно во App Store и Google Play за телефони и таблети.

Јазик на апликацијата

Кога ја инсталирате апликацијата, ако уредот ви е подесен на македонски јазик, за јазик на апликацијата автоматски се избира македонски. При сите други подесувања се избира англиски. Можете да го смените јазикот на апликацијата, независно од подесувањата на уредот, со избирање Подесување од главното мени.

Регистрациски број

За целосно искористување на апликацијата, треба да сте регистриран Сопственик на Форевер бизнис во Македонија.

Ако не сте ја пријавиле апликацијата на Вашиот регистрациски број, секој пат кога ќе ја отворите, ќе се појавува дијалог за внесување на Вашиот регистрациски број. Овој дијалог може да биде отворен и ако во главното мени кликнете „Регистрациски број“.

Кога го внесувате Вашиот регистрациски број, треба да имате интернет врска. Откако ќе го потврдите внесениот регистрациски број, на адресата која ја наведовте при Вашата регистрација во Форевер Ливинг Продактс Македонија, ќе биде пратен мејл со линк за потврда. Само следете го линкот, за да ја завршите регистрацијата на апликацијата.

Регистрираната апликација ги чува Вашите белешки и ги синхронизира со сите други уреди на кои е инсталирана и е регистрирана на Вашиот регистрациски број. На секој следен уред, при бришење на податоците на уредот или преинсталирање на апликацијата, откако ќе ја регистрирате, Вашите податоци автоматски ќе бидат вратени.

Функции на апликацијата

Пораките добиени од канцеларијата на Форевер Бугарија се појавуваат на екранот на апликацијата, со последната порака најгоре. Можете да го промените редоследот на покажување на пораките од подесувањата на апликацијата. Кога се допира порака, таа се активира и се менува бојата на позадината. Пораката продолжува да биде активна до моментот кога ќе биде допрена друга порака или да излезе од видливата област на екранот. Копчињата во лентата на менито на дното или на десно (зависно од ориентацијата на уредот) се активираат во зависност од видот и содржината на активната порака.

Копче Функции
Главно мени Главно мени:
  • Преземи пораки – покажува список на пораки кои сте ги отстраниле и при избирање на порака од тој список, можете да го вратите.
  • Вчитај пораки – ги покажува последните добиени пораки
  • Регистрациски број – го прикажува записот на Вашиот регистрациски број. Регистрацискиот број не може да се промени, ако веќе е потврден.
  • Регистрација на нов соработник – онлајн регистрација на нови сопственици на Форевер бизнис (на сила се условите за користење на сајтот на Форевер Ливинг Продактс Бугарија и постапката за регистрација).
  • Податоци што се користат – прикажува информација за количина на видовите податоци што се зачувани на Вашиот уред.
  • Фабрички подесувања – Ги брише податоците зачувани во апликацијата, вклучително и регистрацискиот број. Белешките кон пораките ќе бидат вратени кога ќе го внесете и повторно потврдите Вашиот регистрациски број.
  • Подесувања:
    • Јазик на апликацијата – можете да го смените јазикот на интерфејсот на апликацијата. Тоа не го менува јазикот на пораките кои ги добивате.
    • Синхронизација на уредот – апликацијата добива синхронизирани белешки од вашите други уреди, по дифолт е избрано.
    • Најновата порака е – го менува редоследот на пораките, при што новите пораки се додаваат одгоре или оддолу.

    Откако сте ги промениле подесувањата, кликнете го копчето „Зачувај подесувања“.

Информација Информация
  • Откриjте го Форевeр – актуeлна информациja од Форевер Бугарија.
  • Помошна информација – страница со помошна информација за компанијата и Договорот за лиценца.
Додајте белешка Додајте белешка – Додава Ваша белешка на секоја активна порака. При кликнување на копчето, во активната порака се појавува поле за белешки во кое може да ја запишете својата белешка. Под додаденото поле има две копчиња – за зачувување и откажување. Откако ќе ја напишете Вашата порака, кликнете го копчето Зачувај.
Календарски настан Календарски настан – Додава настан во календарот на уредот за секоја активна порака што има календарски настан. Календарскиот настан само се пополнува со податоците од пораката, и Ви дава можност да го ажурирате и да го зачувате или отфрлите.
Отстрани Отстрани – Отстранува порака од апликацијата. Отстранетите пораки се бришат од меморијата на апликацијата и може да бидат вратени преку функцијата Преземи порака во главното мени.