Онлајн регистрација на сопствен Форевер бизнис
Ви благодариме за вашиот интерес и желба да станете сопственик на Форевер бизнис!
За да се придружите, најнапред треба внимателно да се запознаете со условите на договорот што ќе го склучите со Форевер Ливинг Продактс Македонија.
Услови на договорот за регистрација како сопственик на Форевер бизнис
(во случај молбата да биде одобрена)
- Делувам од свое име како физичко лице и имам најмалку 18 години.
- Потпишувајќи ја оваа молба и откако таа ќе биде одобрена од Форевер Ливинг Продактс ДООЕЛ, јас станувам ПРЕФЕРЕНЦИЈАЛЕН КЛИЕНТ. Преференцијалниот клиент има право да купува производи со 5% попуст од препорачаните цени за продажба. Откако ќе направам лични порачки во вкупна вредност од најмалку 2 (два) бода во рамките на 2 (два) последователни календарски месеци, ќе станам сопственик на Форевер бизнис (СФБ) кој ги исполнил условите за купување по цени за СФБ и ќе ги користам соодветните привилегии.
- Овој договор помеѓу мене и „Форевер Ливинг Продуктс Бугарија“ ДООЕЛ („Форевер Бугарија/Македонија“) е обврзувачки од моментот на неговото добивање и одобрување од Форевер Ливинг Продактс ДООЕЛ. Потврдувам дека сам/а го избрав спонзорот, или таков ми бил одреден и го прифаќам. Потврдувам дека до моментот не сум се регистрирал/а како СФБ на Форевер во оваа или друга држава.
- Извршувам дејност како независна договорна странка во областа на директните продажби. Не сум вработен или застапник на Форевер Ливинг Продактс ДООЕЛ. Се обврзувам да се придржувам кон македонското законодавство, вклучително, но не само,барањата за лиценцирање, оданочување, здравствено и социјално осигурување. Познато ми е дека моите доходи се базираат на извршената продажба и препорака на производи, а не на бројот на луѓе кои ги спонзорирам, количеството работни часови или на случајност. Форевер Ливинг Продактс ДООЕЛ нема обврска за задржување на даноци, освен за изрично споменатите во законот.
- Не се бара првична инвестиција во форма на регистрациска или членска такса, порачка на материјали или купување на производи во вредност различна од минималната, валидна за сите порачки. Сите мои купувања треба да бидат во разумни количини земајќи ги во предвид моите продажби.
- Се запознав со последната варијанта на Деловната политика на Форевер Ливинг Продактс („Форевер“). Се согласувам дека овој документ и Деловната политика заедно претставуваат договор меѓу мене и Форевер Ливинг Продактс ДООЕЛ и дека ќе ја извршувам дејноста во согласност со правилата и процедурите утврдени во нив и во маркетинг планот на компанијата. Се согласувам дека секое мое дејство или пропуст, кое води до злоупотреба, заобиколување или нарушување на оваа политика и процедури, вклучително, но не само, користење на неодобрени печатени материјали, можат да доведат до привремено или трајно прекратување на регистрацијата како СФБ во Форевер Ливинг Продактс. Во дополнение, ги прифаќам и се согласувам со условите на договорот за поверливост и необјавување на информација, наведени во Деловната политика.
- Прифаќам дека Форевер Ливинг Продактс има право да го изменува и дополнува овој договор и својата политика, правила и маркетинг план со цел одржување на флексибилен маркетинг систем во согласност со законските барања и промените во економските услови, и се обврзувам да ги извршувам активностите во согласност со овие измени и дополнувања кои се објавуваат во месечното списание и на вебсајтот на Форевер Бугарија/Македонија (www.flp.bg).
- Прифаќам да ги претставувам на соодветен начин производите на компанијата и маркетинг планот. Сите видови реклама, вклучително, но не само, аудио, видео, печатени материјали, содржина на независни вебсајтови и претставување на социјалните мрежи, треба во секој поглед да одговараат на барањата на Деловната политика на Форевер и да се претстават за писмено одобрение од овластен претставник на компанијата, пред нивно публикување и употреба.
- Сите порачки за купување на производи треба да бидат реализирани со дебитна/кредитна картичка, во готовина или налог за плаќање во корист на Форевер Ливинг Продактс ДООЕЛ во соодветниот износ.
- Можам да го ПРЕКИНАМ овој договор во секое време. ДОГОВОРОТ СЕ СМЕТА ЗА ПРЕКИНАТ ОД ДАТАТА НА ПРИЕМ на писмено известување од Форевер Ливинг Продактс ДООЕЛ. Во случај на прекратување на договорот од моја страна, сите производи, кои сум ги купил од Форевер Ливинг Продактс ДООЕЛ во последните 12 месеци и кои се наоѓаат во мое владение и се погодни за продажба, ќе бидат откупени назад во согласност со Деловната политика и правилата утврдени од Форевер.
- За времето во кое сум сопственик на Форевер бизнис и не го нарушувам овој договор, Форевер Ливинг Продактс ДООЕЛ се задолжува за извршените од мене продажби да ми исплаќа различни бонуси, во согласност со утврденото во маркетинг планот на Форевер.
- Овој договор се склучува лично и правата и задолженијата по него не можат да бидат делегирани или пренесени, освен во случај на смрт, кога правата и задолженијата по овој договор можат да бидат наследени од лице кое одговара на барањата за СФБ.
- Споровите помеѓу сопственикот на Форевер бизнис и Форевер Ливинг Продактс ДООЕЛ доколку не можат да се решат со арбитража во согласност со Деловната политика на Форевер Ливинг Продактс за решавање на спорови, конечно ќе се решат пред надлежниот суд во Скопје.
- Познато ми е дека Форевер бара од сопствениците на Форевер бизнис да имаат поведение кое одговара на највисоките барања на моралот и чесноста. Согласен сум да се придржувам на такво поведение и изјавувам дека никогаш не сум бил/а осудуван/а за тешко кривично дело или обвинуван/а во извршување на друго кривично дело.
- Се согласувам податоците кои ги доставувам на Форевер Ливинг Продактс ДООЕЛ, кои се лични во однос на Законот за заштита на личните податоци, да се чуваат, обработуваат и користат од Форевер Ливинг Продактс ДООЕЛ. Се согласувам Форевер Ливинг Продактс ДООЕЛ да ги доставува информациите на трети лица при спазување на законските одредби. Запознаен/а сум со целта и средствата на нивната обработка, доброволниот карактер на доставувањето на податоците и последиците од откажување за претставување, правото на достап и на обработка на собраните податоци. Изјавеното да се смета за согласност во однос на Законот за заштита на личните податоци.
Пред да ги пополните сите податоци во молбата за регистрација, треба да ја внесете вашата лична мејл адреса и да се согласите со горенаведените услови, како и со условите за користење на вебсајтот на Форевер Ливинг Продактс Македонија.
На мејлот кој го внесовте ќе добиете порака со линк за пристап до електронскиот формулар во кој ќе ги внесете вашите лични податоци и ќе направите прва порачка на производи.
© FLPB 2016 All rights reserved.