Мобилна апликација Форевер Бугарија

Почетна страница

Функции на апликацијата

Политика на доверливост

Сајт на Форевер Ливинг Продактс Бугарија - Македонија

Сајт на Форевер Ливинг Продактс

Български

English

Договор за лиценца со краен корисник (EULA)

1. Овој Договор за лиценца претставува правно обврзувачки договор меѓу Вас како краен корисник на апликацијата Форевер Бугарија (накратко апликацијата) и Призма 66 ООД. Ве молиме, внимателно да го прочитате договорот. Со инсталирањето на апликацијата, Вие се согласувате со условите на овој договор. Ако не ги прифаќате овие услови, ве молиме да не ја користите апликацијата и веднаш да ја деинсталирате.

2. Апликација

2.1. Апликацијата е развиена и се одржува од Призма 66 ООД, 1111 Софија, Бугарија, ул. Коста Лулчев 25, тел. +359 2 875 34 69, e-mail: office@prizma-bg.com по порачка и во соработка со Форевер Ливинг Продактс Бугарија ЕООД, 1408 Софија, Бугарија, ул. Бурел 41Б, тел. +359 2 954 95 80, e-mail: flpb@flp.bg.

2.2. Апликацијата е бесплатна.

2.3. За целосно искористување на апликацијата, треба да сте регистриран Сопственик на Форевер бизнис во Македонија и да ја регистрирате апликацијата, инсталирана на секој уред кој е Ваша сопственост или под Ваша контрола, на Вашиот регистрациски број. Регистрирањето на апликацијата не е задолжително, но недостатокот на регистрација ја ограничува нејзината функционалност и може да доведе до проблеми со нејзиното користење.

3. Овој Договор за лиценца Ви дава не-преносливо и ограничено право да ја инсталирате и да ја користите апликацијата на секој уред што го поседувате или контролирате во согласност со условите и исклучоците на продавниците за апликации (App Store, Google Play или други) и со условите на овој Договор. Сите други права надвор од опсегот на овој Договор и условите за користење на продавниците во кои се нуди апликацијата, се резервирани од нивните сопственици.

4. Условите на овој Договор не можат да противречат на условите на договорите меѓу Вас и продавниците во кои се нуди апликацијата. Во случај на таква некомпатибилност, предимство имаат условите на продавниците кои ја предлагаат апликацијата.

5. Одржувањето на апликацијата е одговорност на Призма 66 ООД и Вие не можете да барате поддршка од трети страни кои ја снабдуваат апликацијата и/или услуги што ги обезбедува.

6. Трети страни кои ја прибавуваат апликацијата, можат да бидат известени за секоја штета на апликацијата, и немаат никакви други обврски освен да ја вратат вредноста на стекнување на апликацијата до максимум дозволеното со закон. За оваа апликација, таа вредност е нула.

7. Сите одговорности и гаранции во однос на законитоста на апликацијата се одговорност на Призма 66 ООД.

7.1. Призма 66 ООД и Форевер Ливинг Продактс Бугарија ЕООД ја поддржуваат апликацијата и услугите што ги нуди во обид тие да бидат достапни и безопасни за употреба од сите корисници. Ако ни бидат посочени грешки, ќе се обидеме да ги отстраниме.

7.2. Апликацијата и услугите кои ги нуди се обезбедени бесплатно за Вас во состојба во која се наоѓаат, без какви било гаранции дека ќе функционираат без грешки и/или прекини.

7.3. Во границите на дозволеното со важечкиот закон, Призма 66 ООД, Форевер Ливинг Продактс Бугарија ЕООД, како и сите трети страни, кои ја овозможуваат испораката на апликацијата и услугите кои ги нуди, при никакви околности не носат одговорност за било какви директни, индиректни, специјални или последователни штети од користењето на оваа апликација и/или услугите кои ги нуди, вклучително, без ограничување, секаква пропуштена корист, прекин на работата, загуба на програми или други податоци на уредите на кои е инсталирана или поврзани на каков и да е начин со нив други уреди, дури и ако сме биле известени за можноста од појава на такви штети.

7.4. Сите прашања, поплаки, предлози или барања во врска со апликацијата се испраќаат до Призма 66 ООД и/или Форевер Ливинг Продактс Бугарија ЕООД на наведената контакт информација во т. 2.1.

8. Права на интелектуална сопственост

8.1. Сите прашања во врска со правата на интелектуална сопственост, поврзани со апликацијата се однесуваат на Призма 66 ООД и/или Форевер Ливинг Продактс Бугарија ЕООД.

8.2. Авторското право на сите заштитени сајтови вклучени во апликацијата им припаѓа на соодветните сопственици и/или произлегува во согласност со Законот за авторското право и сродните права на Р. Бугарија.

8.3. Освен ако не е поинаку наведено, авторското право на изгледот на апликацијата и програмскиот код припаѓа или е законски стекнато од Призма 66 ООД, авторското право на логото, името на апликацијата и објавената содржина припаѓа или е законски стекнато од Форевер Ливинг Продактс Бугарија ЕООД.

8.4. Инсталирањето и/или користењето на апликацијата не ви пренесува никакви права врз заштитени објекти со исклучок на правото да ги репродуцирате и/или извршувате на уредот на кој е инсталирана апликацијата за Ваша лична употреба или како што е дозволена слободна употреба со Законот за авторското право и сродните права.

9. Со прифаќањето на овој Договор за лиценца, Вие како краен корисник на апликацијата декларирате дека:

9.1. Вие не сте во држава која е предмет на ембарго, наметнато од Владата на САД или е определена од Владата на САД како “држава која поддржува тероризам” и

9.2. Вие не сте вклучени во забранета или рестриктивна листа на Владата на САД.

10. Овој Договор за лиценца не ги исклучува или менува условите по Вашите договори како краен корисник со трети страни кои придонесуваат за испораката на апликацијата и/или услугите што ги обезбедува.

11. Трети страни, како и нивни подружници со кои Призма 66 ООД има склучено договори за обезбедување на апликацијата и/или услугите кои ги нуди, можат, имаат право и се смета дека го прифатиле правото да се повикаат на условите кои сте ги прифатиле на овој Договор и да бараат нивна примена.

12. Промени

12.1. Призма 66 ООД го задржува правото да ги промени условите на овој Договор со секоја нова верзија на апликацијата.

13. Лични податоци

13.1. Апликацијата ги чува надвор од Вашиот уред, Вашиот регистрациски број, Вашата мејл адреса, белешките кои можете да ги водите кон секоја порака и потребните податоци за идентификација на Вашиот уред.

13.2. Податоците наведени во т.13.1. не се споделуваат со трети страни со исклучок на случаите предвидени со закон или ако се потребни за обезбедување на услугите предлагани од апликацијата – податоци за идентификација на уредот се испраќаат на давателот (Apple и/или Google) на услугата за известување (push notification service).

13.3. Вашиот регистрациски број е потребен за апликацијата да ги чува и синхронизира меѓу Вашите уреди белешките кои можете да ги водите кон секоја порака, како и да добивате персонализирани пораки.

13.4. Вашата мејл адреса е адресата која сте ја навеле при Вашата регистрација како Сопственик на Форевер Бизнис и се користи за да се потврди дека уредот на кој ја инсталирате апликацијата е Ваша сопственост или под Ваша контрола. Мејл адресата може да биде променета или ажурирана со контактирање со канцеларијата на Форевер Ливинг Продактс Бугарија ЕООД.

13.5. Ако апликацијата обезбедува врска со веб сајтот на Форевер Ливинг Продактс Бугарија или друг веб сајт, валидни се условите за користење и политиката на доверливост на веб сајтот кон кој сте насочени.

13.6. За добивање на пораки на сила се условите за користење и политиката на доверливост на давателите на овие услуги (Apple и/или Google).

14.Одобренија

14.1. За нормалното функционирање на апликацијата, потребно е да бидат дадени следните одобренија:

Приложими към версии 1.0.x