Природно гориво со FAB
Што е FAB?
ФОРЕВЕР АКТИВ БУСТ, или накратко ФАБ, e енергетски пијалак со пријатен овошен вкус. Неговата моќ потекнува од кофеин со природно потекло, во комбинација со витамини од Б-комплексот и аминокиселината таурин. Тие делуваат заеднички за одржување на нивото на енергија, како и за освежување и ревитализација тогаш кога тоа најмногу ви е потребно. Пијалакот е идеален за долги работни денови, за зголемување на енергијата пред тренинг или за моменти кога треба да ја задржите менталната будност.
Дури и со освеженото пакување, клучните состојки за долготрајна енергија остануваат непроменети.

Витамините Б2, Б3, Б6 и Б12 придонесуваат за нормален метаболизам и производство на енергија, како и за намалување на заморот и исцрпеноста.
Гуараната растение од Амазонија чии семиња природно содржат кофеин и обезбедуваат природен поттик на енергија.
Тауринот е природна аминокиселина поврзана со важни функции во мозокот, срцето и нервниот систем кои ја поддржуваат виталноста.
Различните растенија обезбедуваат дополнителни придобивки, како што се плодовите богати со антиоксиданси, на пример, црешите ацерола и брусниците.
Енергија што се движи со вас
Без разлика дали сакате да се наполните со енергија пред тренинг или едноставно сакате да останете продуктивни во текот на денот, ФАБ е вашето решение за енергетски поттик во секој момент. Овој вкусен пијалак не содржи глутен, лактоза ниту соја, што го прави идеален за вегетаријанци и вегани. Тој ве снабдува со енергија преку природни состојки кои ви помагаат да останете активни и фокусирани од утро до вечер.