Катче за сладолед
Сладоледот е неизбежен дел од летната забава. Кога авантурите под жешкото сонце ќе ве исцрпат, посетете го нашето освежително катче за слатки задоволства. За да го направите доживувањето навистина прекрасно, комбинирајте неколку здрави производи на Форевер со свежо овошје и јаткасти плодови. Неодоливиот резултат ќе биде пријатно изненадување!
Манго и кокос
Совршената пауза меѓу прошетките секогаш има вкус на свежо овошје! Направете освежителен сорбет со блендирање на богатиот вкус на АЛОЕ МАНГО и замрзната банана за кремаста текстура, па додадете една кафена лажичка мед од Форевер. Посипете одозгора малку рендан кокос за свежо задоволство што ќе ви ја врати енергијата додека уживате во сенката на дрвјата.
Choco-Loco
Кога ќе ве фати желба за чоколадо додека се забавувате, задоволете ја со вистинска доза на супер-енергија! Изблендирајте две дозерки ФОРЕВЕР ЛАЈТ УЛТРА ЧОКОЛАДО со замрзната банана, 75 мл млеко (или растителна алтернатива) и една кафена лажичка мед. Резултатот? Богато и кремасто задоволство, идеално за уживање на клупа во парк или дури и додека сте во движење.
Ванила облак
Класичен, нежен и апсолутно неодолив! Измешајте две дозерки ФОРЕВЕР ЛАЈТ УЛТРА ВАНИЛА ссо 75 мл кокосово млеко и една замрзната банана за да добиете сладолед лесен како облак. Одозгора додадете малку крцкави јатки и ќе го имате врвниот десерт – совршен за уживање во секое време.