Добредојде лето!
Го создадовме најдоброто летно искуство за вас – од главата до петите! Релаксирајте сѐ безгрижно на лежалката, а по плажата одржувајте го природниот сјај со нашите козметички производи. Сѐ е подготвено за едно незаборавно лето!
Protecting Day Lotion
Совршениот ден на жешкиот песок не може да започне без беспрекорна основа. Затоа, започнете ја забавата со секојдневниот штит за вашата кожа – Protecting Day Lotion. Тој ќе ве штити од ултравиолетовите зраци со фактор 20 секој ден, а специјалната мешавина од негувачки масла ја омекнува и измазнува кожата.
Aloe Ever-Shield Deodorant Stick
Тајната за сончев ден? Дезодоранс кој ја сака вашата кожа толку, колку што вие го сакате сонцето! Aloe Ever-Shield Deodorant Stick ги заменува алуминиумските соли со чист гел од алое вера – како вистинска прегратка од природата. Нуди невидлива заштита, чувство на чистота и беспрекорна облека за плажа од зори до самрак.
Aloe Vera Gelly
Сонцето оставило трага на вашата кожа? Дајте ѝ врвно смирувачко искуство. Aloe Vera Gelly е чист екстракт од алое, дизајниран за моментално регенерирање и ладење на ткивата по изложување на сонце. Без замастување, само чиста хидратација што го смирува црвенилото и го враќа балансот.
Forever Vitamin С
Летниот сјај започнува со состојки што вашата кожа ги сака. Млекото за лице Forever Vitamin С ја комбинира антиоксидантната моќ на витаминот C со измазнувачкиот допир на екстрактот од јојоба и чистата хидратација на гелот од алое. Невидлива капка свежина што ја остава вашата кожа сјајна за целодневна релаксација.
Aloe Lips
Тајната за среќни усни во топлите денови совршено се вклопува во вашиот џеб. Aloe Lips ве ослободува од чувството на сувост со хранлива мешавина од алое, јојоба и пчелин восок. Мек допир што одржува оптимална хидратација во текот на целиот ден на плажа.
Козметичкото катче на Форевер
Помеѓу потопувањето во брановите и моментите на релаксација на плажа, создадовме пространство посветено на вашиот природен сјај. Тука, сонцето и негата одат рака под рака. Ве покануваме да откриете свиленкасто нежни креми, богати со алое вера, со формули кои го штитат вашиот тен за да биде сјаен и свеж. Дајте ѝ го на кожата оној магичен сјај што ги привлекува сите погледи во топлата попладневна светлина.
Hydrating Serum
По денот на плажа, Hydrating Serum се чувствува како совршен бран на свежина што ѝ е потребен на вашата кожа. Брзо се апсорбира, а чистиот гел од алое вера и хиалуронската киселина длабински ја хидратираат и измазнуваат кожата. Резултатот е неодолива мекост и природен сјај – совршена основа за долгите летни вечери.
Renewing Skin Creme
По денот поминат на сонце, кожата бара баланс. Нежниот Renewing Skin Creme нежно се топи, додека алоето и високата содржина на колаген ги регенерираат и видливо ги измазнуваат фините линии. Кожата изгледа поцврста, поодморена и посјајна. Дискретна удобност и регенерација.
Deep Moisturizing Cream
Кога на вашата кожа ѝ е потребно малку дополнително внимание, дајте ѝ хидратантен поттик кој продира под површината. Богатиот Deep Moisturizing Cream е како топол летен дожд за жедната кожа, комбинација од екстракт од борова кора со чист гел од алое вера за длабоко потхранување. Нежно се топи на лицето, давајќи му неверојатна мекост и виталност.
Awakening Eye Cream
Тајната на ведриот и жив поглед! Awakening Eye Cream е вашиот сојузник за одморен изглед. Ја хидратира и осветлува чувствителната зона околу очите со еден допир. Комбинацијата од пептиди и алое вера нежно ги измазнува брчките, давајќи ви природна свежина, со која ќе блеснете.
Replenishing skin oil
Дајте ѝ ги на кожата потребните хранливи материи за да си ја поврати еластичноста. Replenishing skin oil брзо продира во неа и ја омекнува без да остава масни траги. Тоа е ефикасното решение за смирување на дехидрираните зони и постигнување на здрав, видливо подобрен надворешен изглед. Чувствувајте сѐ удобно во сопствената кожа, враќајќи го природниот сјај и виталност што ѝ се потребни секој ден.