10 правила за добра форма
Луѓето денес обрнуваат внимание на тежината и на здравиот начин на живот повеќе од кога било досега. Но, кој е начинот здраво и без глад да ја одржуваме тежината?
Одговорот е: програмите C9 и F15 од Форевер Ливинг Продактс! Тие ќе ви помогнат да ја постигнете и одржите посакуваната тежина, а ако ги следите и десетте правила за добра форма – вашиот успех е загарантиран.
1. Бидете реални
Навистина е тешко да се одолее на сонот за совршена фигура – онаа што ја имат манекените и моделите, но во повеќето случаи невозможно е да се постигне. Не се опседнувајте со определени килограми или совршено тело. Многу е поважно да имате нормална тежина во здрави граници и да се чувствувате добро во сопствената кожа. Ако имате отежнато дишење кога се качувате по скалите или одите брзо, тоа е затоа што не сте здрави и тоа е проблемот на кој треба да се фокусирате.
2. Побрзо не значи подобро
Сите го знаеме изразот „Брзај полека!” Тој е особено вистинит кога станува збор за намалување на тежината. Најздраво е да намалувате меѓу 0,5 и 1 кг неделно. Така е сигурно дека губите масти а не само вода или пак уште полошо – мускулна маса. Многу често резултатите не се мерат во килограми, туку во сантиметри – бидејќи мастите се лесни, но со голем обем.
3. Само диета не е доволна
Обично за слабеењето мислиме како „треба да направам една диета”. Но кога одржувањето на здрава тежина е долготрајна цел (каква што треба да биде), само диета не е доволна. Време е да ги промените навиките за да нема ново натрупување на килограми, време е да создадете навики кои ќе го поддржат вашиот стремеж кон здрав живот.
4. Кажете НЕ на седeчкиот начин на живот
За таа цел, правете секојдневно 20-30-минутна гимнастика, одете колку може повеќе, користете ги скалите наместо лифтот и движете се колку може повеќе. Најсигурен начин да не се откажете е да се договорите со некого да спортувате заедно.
5. Уживајте во секој залак
Една од најштетните навики што доведува до зголемувањена телесната тежина е да не внимавате на храната кога јадете, туку да се концентрирате на нешто друго, како гледање на телевизија или читање. Променете го тоа! Џвакајте го сервираното во чинијата бавно и со уживање и не заборавајте дека чувството за ситост доаѓа дури по 20 минути.
6. Јадете почесто, но по малку
Помина времето кога беше модерно да не се појадува, сега правилото е: појадувајте два пати наутро и еднаш попладне. Ако јадете по малку во редовни интервали, тоа ќе го забрза процесот на слабеење. Замислете го метаболизмот како камин во кој секогаш треба да гори оган. Најсигурниот начин е редовно да ставате по некое дрво внатре. Истото важи и за телото и храната што ја внесувате.
7. Заборавете на обилни и доцни вечери
Очигледно е дека јадењето големи количини храна води до акумулација на масти. Единствено полошо од ова е само јадењето многу храна доцна навечер. Во овој случај телото нема можност да ја претвори храната во енергија и ја претвора во масти. Идеално време за вечера е 3-4 часа пред спиење.
8. Не верувајте во чуда
Од насловните страници на списанијата секогаш нѝ се насмевнуваат убави девојки кои се обидуваат да нѐ убедат во уште еден брз и лесен начин да добиеме манекенска фигура. Бидете внимателни и не се залажувајте! Со овие „чудотворни” режими на исхрана може и да ослабете, но килограмите ќе се вратат веднаш по завршувањето на диетата.
9. Нека нема забранета храна
Видот на храната не е причина да се дебелееме, туку количината што ја внесуваме. Кога зборуваме за долгорочни цели, наивно и нереално е да исклучуваме одредени видови храна, или уште полошо цели групи на храна од секојдневието. Поделете ја храната што ја внесувате во различни категории, на пример од 1 до 5. Група 1 можете да ја јадете секој ден, група 2 – секој втор ден. Храната од трета група ќе ја јадете еднаш неделно, од четврта – еднаш месечно, а од петта – на два или три месеци еднаш. Ако знаете дека за вас нема забранета храна, веројатноста дека ќе можете да ѝ одолеете е многу поголема.
10. Не ја користете храната како лек против лошо расположение или здодевност
А токму тоа го прават многумина. Лесно е по тежок ден да решите да се наградите со нешто вкусно и особено калорично, или да го грицкате третиот чипс, само затоа што нема што друго да правите. Добро е да научите да правите разлика меѓу чувството на вистински глад и „само ми се џвака нешто”. Третирајте ја досадата и лошото расположение на друг начин, а не со големи и калорични порции.