Четирите фактори за успех: ПРОДУКТИВНОСТ

Форевeр

Ова е трет дел од материјалот посветен на четирите основни фактори за раст во Форевер. Колку здрав и доходоносен ќе биде вашиот бизнис зависи од четирите клучни показатели: СПОНЗОРИРАЊЕ, КОНЗИСТЕНТНОСТ, ПРОДУКТИВНОСТ и РАЗВОЈ.

Овој месец ќе се фокусираме на ПРОДУКТИВНОСТА која се состои во употреба и продажба на производи на крајни клиенти и ја нарекуваме уште и реализација на производи.

Продуктивност = вашите бодови за активност (производи купени за лична употреба + производи доставени на вашите клиенти + производи порачани од вашите лично спонзорирани преференцијални клиенти).

Целта на продажбите на мало е да добивате повисоки доходи. Ако во вашиот тим ставите акцент на значењето на стабилната база од клиенти и на реализацијата на производи, подобро ќе заработувате во три аспекти:

  1. непосредна добивка од продажби на мало и од преференцијални клиенти,
  2. шанса за развој на нови потенцијални соработници,
  3. фокусот врз активноста со 4 б. ве фокусира и врз активностите кои директно придонесуваат за растот и стабилноста на вашиот бизнис: лична употреба и продажба на производи, како и лично спонзорирање на нови соработници.

Да разгледаме три начини за оптимизирање на вашите бодови за активност.

Бидете производ на производите

Исклучително е важно да користите колку може повеќе Форевер производи и лично да се уверите во нивните својства да ви помагаат да изгледате и да се чувствувате подобро. Меѓу другото, ќе забележите наплив на енергија, помазна кожа и поголема самодоверба. Дополнително ќе се стекнете со една од највредните бизнис активи – знаење за производите, при тоа од најдобриот учител – личното искуство! Не заборавајте дека колку повеќе производи ќе искористите, толку повеќе знаење добивате, а тие пак ви носат поголеми продажби и повеќе бодови за активност. Како што го подобрувате вашето здравје и надворешниот изглед, вие станувате најдобрата реклама за вашиот бизнис. Другите ќе ја забележат промената и ќе сакаат и тие да си купат од производите на Форевер, благодарение на позитивното искуство кое вие самоуверено и со ентузијазам ќе го споделувате.

Не престанувајте да реализирате производи лично

Без оглед колку ќе стане голем вашиот бизнис, не треба да престанете вие лично да испорачувате производи на вашите клиенти. Тие продажби не само што ќе ги зголемат вашите доходи, туку и ви помагаат да бидете активни СФБ секој месец. Средства за реализација на производи се презентации (домашни забави), лични разговори, онлајн присуство со сопствен вебсајт (создаден со ФЛП360 или самостојно) и на социјалните мрежи, учество на изложби и саеми.

Бизнис и ориентација кон производи

Порачките на вашите преференцијални клиенти пред тие да се квалификуваат за 30% попуст се дел од вашите бодови за активност. Вие сте ги спонзорирале и добивате 25% профит од нивните порачки, како и дополнителен бонус во зависност од личното ниво во маркетинг планот. Новоспонзорираните преференцијални клиенти се делат на две категории: бизнис ориентирани и насочени кон производи. Луѓето од првата категорија обично започнуваат со еден од старт пакетите, веднаш прават презентација на производи и без одлагање започнуваат да реализираат производи и да спонзорираат нови соработници. Ориентираните кон производи од друга страна почнуваат со минимална порачка на производи за лична употреба и не се подготвени да се нурнат во бизнисот. Тие обично остануваат корисници на производите, додека не реализираат лични порачки за два бода во рамките на два последователни календарски месеци. Дотогаш вие ќе добивате 25% профит од нивните порачки плус соодветниот бонус. Може ова да трае со години. Важно е да не престанете да се грижите за нив така, како што се грижите и за крајните клиенти.

Сега знаете како да ја зголемите вашата ПРОДУКТИВНОСТ со зголемување на бодовите за активност. Тие се буквално основата на вашиот бизнис. Вашата идна сила и стабилност во Форевер се определени од квалитетот на темелите што ги поставувате. Ве охрабруваме никогаш да не престанете лично да реализирате производи, без оглед колку голем тим ќе изградите. Така не само што ќе заработите повеќе, туку и ќе им давате пример на соработниците од вашата мрежа. Замислете само што би се случило со вашите месечни доходи ако секој од нив ја зголеми својата продуктивност дури и за еден-два бода месечно!

Споделете со пријатели:

Нагоре