Forever Active HA

По материјалите на Форевер Италија

Во текот на студените месеци не само што нѐ напаѓаат најразлични вируси и бактерии, туку страда и нашата подвижност. Зглобовите стануваат вкочанети, мускулите како да се постојано затегнати. Дури и редовно активните меѓу нас, од време на време можат да почувствуваат „крцкање“ при ниски надворешни температури.

Во телевизиските реклами често слушаме „хиалуронска киселина“, но претежно како состојка во козметички производи – серуми, креми и разни други козметички средства. Тоа е сосема логично, бидејќи е важна компонента на човечката кожа и е одговорна за нејзиниот свеж и млад изглед. Освен во кожата, хиалуронската киселина е присутна и во зглобната `рскавица каде исто има важна улога.

За жал, како и многу други корисни соединенија во нашето тело, таа исто се произведува во доволни количини само од младиот организам, а со напредување на возраста се намалува. Недостатокот на хиалуронска киселина започнува да се манифестира во форма на деструктивни феномени како што се оштетување на `рскавицата, стареење на кожата и ослабување на други органи на кои им е потребна, како на пример очите. Затоа нејзиното корисно дејство кога се зема како додаток на исхрана е повидливо кај луѓе во понапредната возраст.

Како влијае на кожата

Хиалуронската киселина е една од најважните компоненти на човечката кожа, давајќи ѝ флексибилност, ја одржува да биде мазна и се грижи за нејзина добра хидратација, бидејќи молекулите од кои е составена имаат способност да се врзуваат со тие на водата и да ги задржат во ткивата. Освен тоа, нејзините молекули се поврзуваат и помеѓу себе, формирајќи мрежеста структура која го одржува обликот, тонусот, влажноста и еластичноста на кожата. Опуштената кожа, брчките и дамките се знаци за дефицит на хиалуронска киселина во телото. Таа може да се додаде за измазнување на брчките во различни делови на лицето, за зголемување на обемот на усните или за подобрување на состојбата на кожата во делови од телото каде што има потреба. Третманот со локални инекции на хиалуронска киселина чини од 200 до 600 евра. Проценете сами дали не е поразумно и поздраво да го употребувате додатокот на исхрана Forever Active HA, кој го доставува корисното соединение насекаде каде телото има потреба од него – како во кожата, така и во останатите меки ткива како што се непцата, очите и др.

Како влијае на зглобовите и `рскавицата

И тука хиалуронската киселина има благотворно дејство поради веќе споменатите својства. Ќе ве потсетиме дека таа е важна за нормалната функција на зглобовите, бидејќи ја врзува водата за зглобната `рскавица и ѝ го обезбедува потребното подмачкување за непречено движење. Хиалуронската киселина исто така се грижи за доставување на хранливите материи до клетките и за отстранување на токсините од оние ткива кои не се во директен контакт со крвните садови, како што е на пример `рскавицата.

Со напредување на возраста, зглобната `рскавица се менува, постепено започнува да се намалува, се појавуваат и напреднати знаци чиј степен зависи од начинот на живот и од работата на човекот. Само суплементација со хиалуронска киселина не е доволно за подолготрајна поддршка на добрата состојба на зглобовите и `рскавицата. Се препорачува да се додадат и други компоненти од групата глукани како глукозамин сулфат и хондроитин сулфат, а исто и МСМ како извор на органски сулфур. Целокупниот ефект на овие состојки е дополнително зајакнат од незаменливото алое вера. Веројатно претпоставивте дека станува збор за уникатниот пијалак за активен начин на живот - Forever Freedom. Forever Freedom ги содржи трите состојки природно присутни во `рскавицата, течностите и сврзните ткива, во комбинација со чист гел од алое вера од внатрешноста на листовите на растенијата кои Форевер ги одгледува и преработува. Синергичниот ефект придонесува за подобра апсорпција и побрзо и ефикасно дејство.

Да видиме во какви случаи се корисни двата производа и како.

  1. Forever Active HA и Forever Freedom ја поддржуваат добрата состојба на `рскавичното ткиво, заштитувајќи го од абење при интензивен напор или напредување на возраста.
  2. Forever Active HA и Forever Freedom ја заштитуваат `рскавицата од сериозни оштетувања и дегенерација.
  3. Forever Active HA и Forever Freedom придонесуваат да се забави прогресијата на дегенеративниот процес во ткивата на `рскавицата.

Хиалуронската киселина ги хидрира зглобовите, го поддржува нивното подмачкување и амортизационата функција при движење, а состојките на Forever Freedom го потпомагаат физиолошкото закрепнување на зглобовите и зајакнувањето на `рскавицата. Правилната употреба на двата производа може да го подобри квалитетот на живот.

Овој материјал користи текст на д-р Маурицио Марисколи, научен консултант на ФЛП, создаден врз основа на практични набљудувања и на резултати од научни истражувања.

Споделете со пријатели:

Нагоре