Неверојатни придобивки од праските

Од материјали на Форевер Велика Британија

Природата е полна со здрави добра. Сите витамини и минерали кои нѝ се потребни за да бидеме здрави ги има во различни овошја и зеленчук. Овошјето и зеленчукот влегуваат во одредени периоди во сезоната од годината со причина: тоа е време кога најмногу ни се потребни витамините и минералите што овошјето и зеленчукот ги обезбедуваат.

Кои витамини се наоѓаат во праските?

Праските обично се во сезона од мај до крајот на септември. Ова значи дека тие содржат многу хранливи материи што ни се потребни во овој период. Само 100 грама праски содржат 11% од препорачаниот дневен внес на витаминот Ц. Витаминот Ц може да биде одличен за вашата кожа, но што друго ни дава? Во истите тие 100 грама праски има и 7% витамин А, 4% ниацин, 5% калиум и цела низа други витамини и хранливи материи, но што точно прават сите тие? Како всушност ни користи јадењето праска?

Многу од хранливите состојки во праските помагаат за нашиот вид. Витамин А, рибофлавин (2%) и цинк (1%) придонесуваат за одржување на нормалниот вид. Сега, ние не тврдиме дека ако јадете праска секој ден, нема да ви требаат вашите очила; сепак, редовното консумирање на овие витамини и минерали може да помогне во одржувањето на вашиот вид. И со толку многу екрани околу нас, кои се закануваат да нѝ го влошат видот, тоа може да биде само добра работа.

Сите сме го искусиле чувството на страв додека студот се шири низ канцеларијата. Гледате како вашите колеги исчезнуваат дома еден по еден и кажуваат дека се болни, знаејќи дека неизбежно во одреден момент тоа ќе дојде и до вас. Кога микробите влегуваат во телото, нашиот имунолошки систем е тој што се бори со нив, и затоа ослабениот имунолошки систем значи помала одбрана од студот. Меѓутоа, ако преземете чекори за зајакнување на вашиот имунолошки систем, можеби ќе можете да ја избегнете болеста. Праските содржат витамин А, витамин Ц, витамин Б6, фолна киселина, железо, цинк и бакар во различни количини, а сето тоа придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем. Така, следниот пат, со зајакнат имунолошки систем, студот и настинките ќе ве заобиколат.

За кои други делови од телото се корисни праските?

Праските содржат витамин Б6 кој придонесува за нормално формирање на црвени крвни зрнца и рибофлавин кој придонесува за одржување на овие крвни зрнца. Црвените крвни зрнца сочинуваат приближно една четвртина од клетките во човечкото тело и тие доставуваат кислород до ткивото на вашето тело. Недостатокот на кислород во вашето ткиво може да доведе до доста сериозни здравствени проблеми, така што овие црвени крвни зрнца вршат многу важна работа и затоа е важно да ги одржувате здрави. Покрај тоа, тиаминот придонесува за нормална функција на срцето. Вашето срце е веројатно најважниот дел од вашата анатомија, така што сè што може да го одржува редовно да функционира може да биде само добра работа.

Зошто праските се добри за вашата глава, коса и кожа?

Не само што витамините и минералите во праските се добри за вашето тело, тие се добри и за вашата глава. Витамин Ц, тиамин, ниацин, витамин Б6, фолна киселина и магнезиум придонесуваат за нормална психолошка функција. Народно кажано, тие можат да одржуваат среќна глава и да промовираат позитивно ментално здравје (сепак, не велиме дека овие витамини можат да излечат долгорочни психолошки нарушувања , па доколку се борите со нив, треба да разговарате со здравствен работник). Неколку хранливи материи во праските исто така придонесуваат за намалување на заморот, нешто за што многумина од нас би биле многу благодарни. Исто така, пантотенската киселина (2%) придонесува за нормални ментални перформанси, па секое овошје или зеленчук богато со овој витамин би било одличен избор за вашите деца.

Да не заборавиме дека праските содржат и 3% бакар, што придонесува за нормална пигментација на косата и кожата. Ова е во прилог на сите придобивки за кожата што ви ги дава витаминот Ц. 100 грама праски содржат само 39 калории, така што сите овие предности имаат многу мало влијание во зголемување на вашата телесна тежина и обем!

Очигледно, придобивките од праските се многу: тие се грижат за вашиот ум, вашата кожа и вашето тело. Тоа е само корисниот начин на природата да ве направи да изгледате и да се чувствувате одлично во тие долги денови. Сепак, можеби уште поважно, тие исто така имаат прекрасен вкус! Ако немате време да подготвувате праска секој ден, зошто да не го пробате нашиот Нектар од алое вера и праска. Ги има сите предности на праските, целиот овошен вкус и дополнителната придобивка на гелот од алое, па можете да уживате во придобивките од Нектар од алое вера и праска во текот на целата година.

Споделете со пријатели:

Нагоре