Предизвиците можат само да нѐ направат посилни

Стефан и Тања Стаеви

Пред само неколку седмици доживеавме еден од најспектакуларните настани во историјата на Форевер – Глобалното рели 2022 во Абу Даби, што по двегодишна пауза повторно беше во живо.

Заедно со квалификуваните од Форевер Бугарија имавме задоволство да уживаме во средбата со илјадници сопственици на Форевер бизнис од цел свет. Компанијата имаше организирано незаборавна забава, атракции, средби и обуки. Посакувавме сите да бевте со нас и искрено се надеваме дека бевте меѓу стотиците илјади „виртуелни“ гости на незаборавниот настан благодарение на технолошката можност што ја дава компанијата да учествувате на најинтересните обуки и претставувања од удобноста на вашиот дом.

Релито ја одбележа и 44 - годишнината од денот кога Рекс Мон ја основа нашата голема компанија, која ги промени и ќе продолжува да ги менува животите на толку многу луѓе. Преку ефикасните производи и неверојатни бизнис можности ќе продолжиме да бидеме средството за доставување на тоа ШТО ИМА НАЈГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕна милиони семејства во целиот свет.

Во Абу Даби доживеавме и научивме многу, но не можеме да не го споделиме воодушевувањето за новата програма на Форевер за балансирање - DX4 претставена за време на релито! Таа е одлична и незаменлива алатка со која секој современ човек може да го рестартира телото и умот со комбинација од седум додатоци на исхрана, упатства за исхрана и практики за умот. DX4 е четиридневен систем кој ќе ви помогне да создадете баланс на физичко и ментално ниво. Освен тоа, DX4 е и нова моќна алатка за градење на растечки и успешен сопствен бизнис со Форевер. Задолжително пробајте го лично и споделувајте ги резултатите со сите околу вас!

Драги пријатели, по повеќе од две години, во кои научивме да работиме на малку поразличен начин од традиционалниот за мрежен маркетинг, повторно имаме можност да искористиме една од најмоќните алатки за работа – средбите во живо. Овој месец го организираме првиот Ден на успех по подолго време така, како што правевме сите години пред пандемијата.

Преодниот период на враќање кон класичните алатки за работа ќе биде предизвик за многумина. Но, да не заборавиме дека и во нашиот бизнис, како во секој аспект на животот, има и потешки или по-предизвикувачки моменти. Тие не треба да нѐ обесхрабруваат да останеме фокусирани на нашите цели. Всушност токму спротивното – пречките во животот можат да нѐ натераат да го промениме курсот, но не треба да им дозволиме да нѐ одвлечат од крајната цел. Вистината е дека предизвиците можат само да нѐ направат посилни. Затоа треба да се исправиме лице в лице пред нив и да ги гледаме во поинакво светло – како нови можности.

Сите стануваме посилни кога ќе ги надминеме тешкотиите. Затоа не треба да дозволиме околностите да нѐ плашат и оттргнат од патот, ниту да нѐ спречат да го изразиме најдоброто од себе и постојано да ги следиме нашите цели. Од лично искуство знаеме дека патот кон успехот не е секогаш лесен, но и никогаш не сме тврделе дека е така, нели?

Справувањето со предизвиците со помош на позитивно размислување бара и верба, и трпение. Непоколеблива верба во она кон што се стремиме и трпение кон себе, имајќи на ум дека ништо стабилно и убаво во животот не се постигнува брзо и без напор.

Запомнете дека кога ќе ги надминеме потешките моменти, најдобро се спознаваме себе си. Токму во овие ситуации откриваме од какво тесто сме замесени. Затоа, ако почувствувате дека станува тешко, бидете трпеливи, вложете повеќе труд, не се откажувајте додека не се справите со предизвиците и запомнете дека кога еднаш ќе ги надминете, сѐ ќе биде многу поубаво!

Користете ги производите на Форевер и споделувајте ги придобивките од нивната употреба со луѓето околу вас. Раскажувајте за можностите за градење на сопствен бизнис со Форевер и спонзорирајте нови соработници во вашиот тим. Бидете активни со 4 бода секој месец. Учествувајте во сите промоции и програми. Квалификувајте сѐ на ново ниво во маркетинг планот на компанијата. И остварете ги вашите соништа со Форевер!

Засекогаш Ваши,

Стефан и Тања Стаеви

Генерални директори на Форевер Бугарија и С. Македонија

Споделете со пријатели:

Нагоре