Повеќе виталност за само четири дена

Форевер

DX4™ беше претставена во мај за време на Глобалното рели на Форевер во Абу Даби како најновото дополнение во асортиманот производи за здравје и виталност.

Четиридневната програма ви помага да го рестартирате физичкото, психичкото и духовното здравје со помош на додатоци на исхрана, практики за внатрешен став и насоки за исхрана. Програмата обезбедува сѐ што е потребно за да му помогне на организмот да функционира оптимално, вклучително производи и додатоци за поддршка на хидратацијата, енергијата и метаболизмот.

Но DX4 го надминува и физичкиот аспект, бидејќи ве учи да бидете посвесни за храната и начинот на кој се грижите за вашето тело. Производите, структурираниот план за исхрана и активностите за промена на начинот на мислење се комбинираат во програма со поголем ефект од збир на нејзините составни делови, помагајќи ви да живеете почисто и поздраво по завршувањето на четирите дена.

DX4 се разликува од другите слични програми

DX4 има холистички пристап кон вашата перцепција за храната и го поставува прашањето: „Зошто сте гладни?“ Ова не е програма за слабеење, туку контролирана проценка на она што реално му треба на телото наспроти она што го сака мозокот. Целта на DX4 да го исчисти организмот од сѐ што е непотребно и од стрес факторите на бурното секојдневие. Таа обезбедува само основна исхрана наменета за балансирање на телото и умот.

Преку насоки и совети DX4 ви помага да изградите посилна врска меѓу организмот и умот. Таа ја враќа рамнотежата на физичкото здравје со помош на додатоците на исхрана, структуриран план и совети за исхрана, а преку осознавање, поставување на цели и благодарност го ревидира вашиот умствен став. Сите аспекти на програмата се дизајнирани да работат во тандем еден со друг, за да се почувствувате подобро во целина.

DX4 нуди сѐ што му е потребно на вашето тело за рестарт

Во пакетот DX4 има седум додатоци на исхрана и производи за четири дена. Во текот на првите два дена ќе одговорите на потребите на вашето тело главно со она што е вклучено во кутијата на DX4 придружено со голема количина вода за прочистување на организмот.

Од вториот до четвртиот ден, програмата ви дозволува да јадете чиста и природна храна, како и здрава салата богата со зеленчук.

Да погледнеме во кутијата.

Forever Therm Plus™ за поддршка на здравиот метаболизам и енергетските нивоа

Forever DuoPure™ со холин кој придонесува за нормална функција на црниот дроб

Forever Multi Fizz™ обезбедува секојдневни витамини и помага за подобра хидратација

Forever Sensatiable™ за слатко бегство од секојдневните искушенија

Forever LemonBlast™ за поддршка на дигестивниот систем

Forever Aloe Vera Gel® за поддршка на апсорпцијата на нутриенти

Forever Plant Protein™ за помош на коските и за раст на мускулната маса


Повторувајте DX4 по четири пати годишно

Целта на DX4 е да ги отстрани стресните фактори од вашето тело и ум за да можете да го преиспитате вашиот однос кон храната и кон организмот. Во животот секогаш има стресни фактори, затоа е важно да вклучувате во здравиот режим такви периоди на рестарт. За најдобри резултати се препорачува да ја правите DX4 по неколку пати во годината, но задолжително оставајте по три месеци меѓу програмите. Повторувањето на рестартот на секое тромесечие со времето ќе ви помогне да ги почувствувате и телото, и умот поздрави.

Пред да можете да направите долготрајна промена, треба да обрнете внимание на внатрешните механизми во телото, умот и духот, за да култивирате траен и полн спектар на виталност и DX4 го прави токму тоа. Кога го рестартирате телото и умот до базичното ниво на добрата физичка и психичка форма и го повторувате тој рестарт четири пати во годината, ќе уживате во подобар баланс и оптимизирано здравје.

Споделете со пријатели:

Нагоре