Колку е важно признанието во тимот

По материјали од Форевер Велика Британија

Да се чувствуваме ценети и почитувани е задолжителен елемент на нашата среќа. Признанието за нашите постигнувања – и големи, и мали, е важно за зголемување на нивоата на радост, како кај индивидуите, така и во тимовите.

Зошто инаку 65% од вработените би го навеле недостигот на признание како основна причина да ја напуштат работата? Во Форевер го разбираме значењето на признанието, тоа е дел од нашата природа и често е клучен фактор толку многу луѓе да се инспирираат да започнат лично бизнис патешествие со нас.

Како и зошто признанието нѝ влијае толку?

Тоа е нешто што му треба на нашиот мозок. Самото признание води до ослободување на допамин – невротрансмитер, произведен во мозокот. Допаминот ги стимулира деловите од мозокот кои ги обработуваат наградите и создаваат позитивни емоции како задоволство и уживање.

Но, бидејќи ефектот од допаминот исчезнува брзо, треба редовно да ги одбележуваме постигнувањата на луѓето. Признанието е краткорочна потреба која треба да се задоволува периодично. Колку често треба да го демонстрираме кај даден човек? Индивидуално е и зависи од неговата личност, но од Галуп препорачуваат неделни пофалби (искрени и конкретни) за мали постигнувања, а позначителни признанија за поголеми успеси можат да се прават секој месец. Ова не се строги правила и не треба да заборавиме дека флексибилноста според ситуацијата е важна. Обрнете внимание кога луѓето ги прават работите добро и веднаш пофалете ги. Може да биде телефонско јавување, мејл или WhatsApp порака, но не ги чувајте позитивните одзиви само меѓу вас и човекот, туку спомнувајте ја добро завршената работа и на каналот преку кој комуницирате со вашиот тим (WhatsApp, вибер, фејсбук група или друга платформа). Видео средба на тимот е идеален начин за одбележување на нечие постигнување. Понекогаш во животот најголемо значење имаат малите нешта – благодарноста и пофалбата многу помагаат. Луѓето ретко се радуваат само на финансиското наградување.

Почувствувајте ги потребите на одделните членови на тимот. Многу луѓе се вклучуваат во Форевер за да избегаат од сивилото на еднаквите обични вработени. Нема секој да го развива бизнисот со еднакво темпо – луѓето имаат различни цели, различни ангажмани, различна мотивација и можат да одделат различно време за Форевер. Освен тоа, секој стекнува вештини со различна брзина и има различно ниво на самодоверба во однос на специфичните аспекти на бизнисот – некој може да сака да ги предлага производите, но не се осмелува да привлекува луѓе во бизнисот, а кај друг да е обратното. По истата логика, не сакаат сите едно исто признание, уважувајте ги овие особености и работете со нив.

Според истражувањата, признанието директно влијае на нашата мотивација. Трите најдемотивирачки работи се: чувството дека не си доволно ценет, недостиг на признание и, ако навистина ве интересира кое е третото – да работиш под лошо раководство.

Недостигот на мотивација влијае на нас на следните начини (по важност):

  1. расположението ни се влошува;
  2. стануваме помалку продуктивни;
  3. душевното здравје ни се влошува;
  4. квалитетот на работата ни опаѓа;
  5. квалитетот на исхраната ни се влошува (посегнуваме по нездрава храна).

Списокот е импресивен и не е тешко да видиме како сето горенаведено има сериозно влијание врз нашата среќа и квалитетот на нашиот живот, како на личен, така и на професионален план. Во средина која ги негува признанијата, 31% помалку луѓе го напуштаат тимот. Не треба да ја потцениме и моќта на позитивните одзиви кои доаѓаат од колегите во тимот, а не само од спонзорите и Менаџерите. Има 35,7% поголема веројатност пофалбата и уважувањето да делуваат позитивно ако доаѓаат од соработници на исто ниво, отколку ако се насочени само од горе надолу. Затоа исто е важно да ги насочувате луѓето во вашиот тим да се ценат еден со друг и взаемно да ги одбележуваат постигнувањата.

Споделете со пријатели:

Нагоре