Произведено од Форевер

Форевeр Ливинг

Речиси 50 години Форевер го контролира секој чекор од производството – од алое насадите до крајните производи кои ги добивате. Ве покануваме да го видите секој чекор од грижата, научните истражувања и одржливото одгледување кои стојат зад нашиот чист гел од внатрешноста на листовите на алое вера.

Прв чекор – култивирање на изворот

Сè започнува во полињата со алое, каде Форевер одгледува над 40 милиони растенија годишно. Нашите плантажи се наоѓаат во Тексас и Доминиканската република и се состојат единствено од сортата Алое барбаденсис Милер – највредната од нутритивна гледна точка. Нашите полиња во Доминикана имаат американски и европски био сертификати, а стадо кози се грижи за плевењето и ѓубрењето на алое растенијата.

Втор чекор – рачно берење и лупење

Листовите се берат кога се идеално зрели.. Бербата се врши рачно за да се заштитат растенијата, а потоа листовите повторно рачно се филетираат за да се извлече чистиот гел од нивната внатрешност. Во рок од само неколку часа гелот се обработува асептично по сопствен метод на Форевер за да се зачува неговата свежина и ефикасност.

Трет чекор – прецизност во секоја капка

Богато со нутриенти од полињата до производите. Асептичниот процес користи моментално загревање за да ги зачува корисните хранливи материи во алоето, без додавање на конзерванси. Резултатот е алое во најчиста форма.

Четврт чекор – ригорозни тестирања

Квалитет на кој може да се потпрете. Вршиме над 1,4 милиони тестови за контрола на квалитетот годишно, вклучително над 100 000 тестови во нашите лаборатории во „Алое Вера – Америка“. Нашиот гел од алое вера е сертифициран од Меѓународниот научен совет за алое и е поддржан од тим научници.

Петти чекор – маестрално вградување во производи

Иновативен пристап кон алоето – откако ќе биде истражен и одобрен, гелот од алое вера може да се вклучи во пијалаци, козметика и производи за лична хигиена. Секој производ е внимателно развиен, следејќи стриктни упатства за квалитет од почеток до крај.


Шести чекор – паметно пакување

Подобро пакување, помал отпечаток. Го намаливме отпадот со преминување на 85% рециклирани картонски кутии и ги елиминиравме пластичните пломби во пакувањата. Нашите алое пијалаци се флашираат во 100% рециклирачки PET шишиња, изработени од 50% рециклиран материјал.

Седми чекор – испорака низ целиот свет

Од полињата со алое до над 140 земји. Нашата глобална мрежа од дистрибутивни центри и современата логистика гарантираат дека секој производ пристигнува брзо и безбедно. Од одгледувањето на алоето до доставата на производите – секој чекор е доказ за прецизност и планирање.


Тоа е повеќе од процес, тоа е ветување

Квалитетот, грижата и свесните избори формират сè што правиме. Нашата филозофија „од растението до производот до вас“ значи дека не правиме никакви компромиси кога станува збор за производите од алое кои ви помагаат да се чувствувате добро и одвнатре и однадвор. Нашиот затворен производствен процес претставува ветување зад кое цврсто стоиме – да ви обезбедиме квалитет во секоја фаза.

Споделете со пријатели:

Нагоре