Среќна Нова Година!

Стефан и Тања Стаеви

Првите денови на секоја нова година се денови во кои правиме оценка на тоа што сме успеале да го постигнеме во изминатите денови и месеци, и во кои гледајќи напред ги планираме целите кои сакаме да ги постигнеме во наредната година.

Изминатата година ги награди оние од вас кои работеа напорно и постојано, со нови нивоа во маркетинг-планот, со успешни квалификации и многу други возбудливи награди и искуства.

Годината која ја испративме беше успешна и нашиот поглед кон иднината може да е само оптимистички. Пред вас се целите кои сте ги зацртале во новата 2023 - успеси со бизнис-планот на Форевер Ливинг Продактс, здравје и убавина со нашите уникатни производи и се разбира стекнување на многу нови пријатели.

За да можете по една година да гледате кон постигнатите успеси од следниот искачен врв.

Нека ни е среќна Новата 2023 година и нека ви донесе на сите исполнети мечти, среќни и незаборавни мигови и многу, многу успеси…

И ако сакате да започнете една навистина успешна година, не го пропуштајте највозбудливиот настан на Форевер на почетокот на новата година – Денот на Успехот кој ќе се одржи на 28 јануари од 11.00 часот во Скопје во Холидеј Ин.

Едвај чекам да се видам повторно со сите вас за да ги прославиме успесите на компанијата и Сопствениците на Форевер бизнис за изминатата година!

До скоро видување!

Засекогаш Ваши

Стефан и Тања Стаеви

Генерални директори на Форевер Бугарија и С. Македонија

Споделете со пријатели:

Нагоре