Како да направите врвни презентации

Форевер

Како и другите две неизбежности - смртта и даноците, презентациите се составен дел од вашиот живот и работа како сопственици на Форевер Бизнис. Долго време бевте принудени да работите со онлајн презентации, но сега кога повторно можеме да се собереме во живо, треба да се сетите како е да се застане пред публика.

Сакале или не, факт е дека е многу помала веројатноста личноста да обрнува внимание на некој производ, проект или било што друго, доколку истото е лошо претставено. А клучот за добра презентација е самодовербата. Еве неколку совети за да бидете самоуверени (или да достигнете одредено ниво на самодоверба).

Направете листа

Запишете сѐ што може да тргне наопаку и треба да го проверите. Направете го тоа навремено пред настанот. Во лудилото на презентацијата, нема шанси да не заборавите нешто, но вашата листа ќе обезбеди дека сте провериле и тестирале сè што ви треба, од батерии и кабли до печатени материјали за публиката.

Познавајте ја материјата

Веројатно не би ви паднало на памет да направите презентација без да знаете за што се работи. Но, да се има идеја за тоа што ќе го претставите не е исто како да ја познавате содржината толку добро што едноставно не можете да згрешите дури и ако се обидете. Вежбајте гласно и ревидирајте ја вашата презентација како што се подготвувавте за испитите (ќе биде уште потешко ако не сте се труделе многу на училиште). Искуството е најдобриот учител. Колку повеќе презентации правите, толку полесно ќе ви биде. Добро запознајте се со самата презентација. Бидете сигурни дека можете да се справите со опремата што ќе ја користите - компјутери, далечински управувачи итн.

Изгледајте претставително

Облечете се за да се чувствувате самоуверено стоејќи пред публика. Запомнете дека претставувате голема и квалитетна компанија која нуди сериозен бизнис и одлични приходи. Никој нема да ве сфати сериозно ако изгледате како штотуку да сте се стркалале од кревет.

Бидете смирени

Ако сте нервозни поради тоа што зборувате пред луѓе, пронајдете мирно место за да се опуштите и да се фокусирате пред презентацијата. Дишете длабоко. Обидете сѐ да останете смирени и за време на презентацијата. Брзото зборување е вообичаена грешка што и вас ве прави нервозни. Обидете се да зборувате побавно.

Само суштинските работи

Следете ги презентациите создадени за вас од Форевер. Тие се докажани, ефективни и професионално направени. Движете се ритмички низ слајдовите без да се заглавувате долго време да зборувате за една работа, а потоа да трчате низ останатите. Бидете прецизни и јасни, не спомнувајте ништо што не е 100% релевантно.

Користете го вашиот периферен вид

Обидете се да почнете свесно да го забележувате она што го гледате и со аглите на очите. Кога човек е многу вознемирен, тие се фиксираат на она што го плаши. За повеќето водители, стравот е публиката. Ако се присилувате да ги согледате другите работи во просторијата кои не ве плашат, ја намалувате напнатоста во себе.

Создадете реална визија за успех

Запомнете дека е речиси невозможно на сите да им се допаднете вие и вашата изведба. Не се разочарувајте доколку не добиете овации. На крајот, важно е дали сте ја постигнале целта на вашата презентација – да привлечете луѓе во вашиот тим.

Споделете со пријатели:

Нагоре