Ревитализирајте ја кожата со hydrating serum на Форевер

По материјали на Форевер Велика Британија

Сувата кожа има многу манифестации – ја чувствуваме затегната или груба, се лупи, нема сјај, зацрвенета е. Најчести виновници се стресот, ултравиолетовите зраци, хормоналните промени, загадувањето на околната средина, лекарствата или природниот процес на стареење.

Хидрантниот серум на Форевер ја враќа влажноста со четири вида хиалуронска киселина кои заштитуваат и хидрираат длабоко во слоевите на кожата. Заштитува од агресивното влијание на околната средина, брзо се апсорбира и храни со растителни екстракти и масни киселини. Да одговориме на неколку често поставувани прашања за серумите, нивниот состав и како најефикасно да ги вклучиме во нашиот козметички режим.

Што е серум и кога се користи?

Серумите се козметички производи дизајнирани да доставуваат моќни состојки директно во длабоките слоеви на кожата. Тие се составени од помали молекули кои продираат подлабоко и негуваат со висока концентрација на активните состојки. Затоа серумите се одлично средство за справување со специфичните потреби на кожата – при брчки, фини линии, суви области, лупење, боја или структура. Во серумите на Форевер има големи количини на алое, кое работи во тандем со останатите состојки за да балансира и да ѝ помогне на целата формула да навлезе подлабоко, благодарение на својствата на лигнинот што го содржи.

Затоа нанесете го серумот веднаш по чистење и тонизирање и пред кремот или лосионот за заштита од сонце. Тој не го заменува вашиот хидратантен крем, но може да го подобри и дополни неговиот навлажнувачки ефект. Погледнете го примерот за режим за нега на кожата на крајот на овој материјал.

Зошто Форевер има два серума? По што се разликуваат?

Серумите се користат за различни потреби на кожата. Серум за затегнување со својата пептидна формула е насочен кон спречување на појавата на знаци на стареење.

Хидрантниот серум од сината козметичка серија е предвиден за интензивно навлажнување со четири вида хиалуронска киселина, масни киселини и билки со висока содржина антиоксиданти. И двата се погодни за сите типови кожа во зависност од индивидуалните потреби.

Што е хиалуронската киселина и зошто е важна?

Повеќето од вас веројатно сте слушнале дека се споменува во рекламите за козметика, но ако не ја познавате, нејзиното име може да ве запрепасти и да ве натера да си помислите: „Киселина? Како така да нанесам киселина на мојата кожа?“ Но не се тревожете – и покрај името, хиалуронската киселина (ХК) ни од далеку не е корозивна, туку е вашиот најдобар пријател за свежа и затегната кожа, бидејќи делува како магнет за влага и им помага на вашите клетки да задржат колку е можно повеќе вода. Научно звучното име може да ве наведе на помислата дека е вештачки создадена, но таа претставува шеќерна молекула која природно ја има во организмот. Нејзините нивоа опаѓаат со напредување на возраста или кога сме изложени на агресијата на околната средина.

Околу половина од хиалуронската киселина во телото се наоѓа во кожата и има клучна улога за поддржување на нејзината хидратација која се нарушува од дејството на слободните радикали настанати како резултат на стрес, изложување на сонце и загадување на воздухот. Кога се нанесува надворешно, таа придонесува за навлажнувањето на кожата и за намалување на загубата на влажноста во неа. Хиалуронската киселина има способност да задржува илјада пати повеќе вода од сопствената тежина, за да ја поддржи хидратацијата на кожата, да заштитува од оштетување од надворешните фактори, да ја забави појавата на брчки и да ја обнови нејзината еластичност. Добрата хидтратација ја зајакнува бариерата на кожата, ги смирува иритациите и ја истегнува структурата.

Зошто има различни видови хиалуронска киселина и каква е нивната цел?

Различните типови ХК се одредуваат од нивната молекуларна големина – помалите молекули продираат длабоко во кожата, за да ја хидрираат во длабочина, а поголемите молекули остануваат на нејзината површина и ѝ даваат младешки сјај.

Хидрантниот серум на Форевер комбинира четири типа на хиалуронска киселина, наречена уште натриум хиалуронат. Тие ја враќаат водата на површината на кожата и ја задржуваат влагата одвнатре и истовремено ја подобруваат нејзината еластичност. Да се потсетиме како функционираат четирите типови.

  • Натриум хиалуронат со ултра висока молекуларна тежина формира густ заштитен слој на кожата и така го намалува испарувањето на вода од нејзината внатрешност, притоа обезбедувајќи постојано навлажнување и заштита од загадениот воздух.
  • Натриум хиалуронат ја задржува влагата како сунѓер на површината на кожата.
  • Натриум хиалуронат што брзо се апсорбира нуди исклучителна хидратација.
  • Хидролизираниот натриум хиалуронат со ултра ниска молекуларна тежина се апсорбира брзо од надворешните слоеви на кожата, за да ја хидрира и регенерира одвнатре.

Кои се другите клучни состојки во хидрантниот серум?

Производот содржи висока концентрација на чист гел од внатрешноста на листовите на алое вера, кој ја смирува, хидрира и балансира кожата.

На алоето и четирите вида ултрахидратирачка хиалуронска киселина додадовме и состојки од цел свет за навлажнување и заштита. Кокосовите масни киселини лесно го шират серумот по кожата, а шеа путерот брзо се топи при допир со кожата. Снежната печурка помага во борбата со стресните фактори на околната средина, а тамариндот придонесува за подобрување на хидратацијата, за поголемата еластичност, ја измазнува кожата и ги намалува рапавите места. Маслиновото масло, белиот чај и кората од мимоза заедно се спротивставуваат на слободните радикали.

За кого е и кога се употребува?

Хидрантниот серум е погоден за сите типови кожа а особено за суви области. Можете да го користите само за нив или по целото лице пред нанесување на хидратантен крем и крем за околу очи. Може и да го комбинирате со другиот наградуван производ на Форевер – infinite by Forever™ firming serum кој содржи пептиди кои се борат со знаците на стареење. hydrating serum е мултифункционален и може да се нанесува и на други делови на телото со суви области.

Како да го вклучите во вашиот козметички режим?

Еве пример за режим на нега на кожата со производите на Форевер и каде е местото на серумот во него.

Прв чекор секогаш треба да е чистењето на лицето и вратот од шминка, пот, маснотии и нечистотија со добар производ за намената. Нашиот infinite by Forever™ hydrating cleanser е одличен за сува и зрела кожа, а Sonya™ refreshing gel cleanser е одличен за комбинирана кон мрсна кожа.

Еднаш до два пати седмично можете да користите smoothing exfoliator за да ги отстраните мртвите клетки и освежената кожа да е отворена да го добие корисното дејство на останатите производи во вашиот режим. Во преостанатите денови можете да преминете директно на следниот чекор – нанесување на balancing toner за дополнително чистење на кожата, затегнување на порите и хидратација.

Тука е местото на серумот. Притиснете ја пумпата 1-2 пати врз прстите и нежно разнесете го Хидрантниот серум по лицето и вратот со кружни движења. Така не само што ќе ја обвиете кожата во свиленкаста хидратација, туку и експоненцијално ќе ги зголемите корисните ефекти од производите кои ќе ги нанесете во следните чекори.

Ако користите awakening eye cream , нанесете го во зоната околу очите и продолжете со претпочитаниот хидратант – infinite by Forever™ restoring creme за сува/зрела кожа или Sonya™ soothing gel moisturizer , ако вашата кожа е комбинирана кон мрсна. Во утринскиот режим добро е да користите производ со заштита од сонце како protecting day lotion ,за да го заштитите вашето лице од штетните UVA и UVB зраци.

Иако има уште многу други производи кои може да се вклучат за дополнување на вашиот козметички режим, ова е добра почетна точка за секој ден.

Споделете со пријатели:

Нагоре