Иновативни решенија за пакување

Форевер

Forever Direct го менува својот процес на дистрибуција за одржлив развој

Како глобална компанија која опслужува повеќе од 160 земји, Форевер го транспортира својот обемен каталог на производи ширум светот. Важен дел од големата дистрибуција е изнаоѓање одржливи решенија кои овозможуваат поеколошко пакување.

За да го постигне ова, пред десет години компанијата создаде Forever Direct - импресивен дистрибутивен центар во Холандија. Со поседување на процесите и каналите на дистрибуција, Форевер има слобода постојано да се прилагодува и да воведува поодржливи практики во секоја фаза.

Оперативниот директор во холандскиот логистички центар Питер ван Ејк вели дека напорите за заштита на животната средина на Forever Direct поставуваат нов стандард во индустријата, особено кога станува збор за оптимизирање на пакувањето за нарачка за да се намали „воздухот“ во картоните.

Во последниве години, тие направија промени во оваа насока со воведувањето на три нови, помали димензии на кутии, кои ги намалија транспортните потреби за осум камиони и со тоа го намалија влијанието на јаглеродот. Помалите картони ја намалија и потрошувачката на брановиден картон за 13.000 кг и најлонско пакување за 600 кубни метри. Покрај тоа, Forever Direct исто така се префрли на 85% рециклирани картони, а еколошки мастила се користат за печатени материјали.

„Најмногу сум горд на намалувањето на пластиката што се користи во различни пакувања", вели Ван Ајк. „ Производите во картоните сега ги запечатуваме со хартија наместо со најлон, а за кутиите за пакувања сме префрлени од пластични на картонски рачки".

Освен самите картони за испорака, процесот на точно одредување како да се пакуваат нарачаните производи е исто така иновативно решение диктирано од стремежот за одржлив развој. „Нашиот систем за управување со магацин пресметува која големина картон е оптимален за секоја нарачка според големината на производите“ вели Ван Ајк. „Ова ни овозможува да испраќаме производи во идеално пакување за испорака за да ги минимизираме празнините во картоните“.

Комбинацијата на сите овие напори му помага на Forever Direct да ги намали емисиите при испорака и овозможува повеќе производи да се испорачуваат со помалку материјал за пакување, од кој голем дел клиентот потоа може да го рециклира.

Во иднина, Forever Direct има намера дополнително да ги продлабочи своите еко-напори во однос на пакувањето со намалување на печатените материјали што се применуваат на картоните. Целта е тие да бидат заменети со QR-кодови кои ги насочуваат клиентите кон истите информации во дигитален формат. Сето ова оди рака под рака со постојаното барање начини за намалување на материјалите за пакување.

Споделете со пријатели:

Нагоре