Логична и лесна нега на кожата
Идеалната програма за нега на кожата е едноставна, ефикасна и зајакната со состојки кои ја хранат и хидрираат.
Токму тоа го испорачува новата трифазна козметичка серија Logic by Forever™. Таа ви помага да го исчистите, балансирате и хидратирате лицето со целосен комплет од производи кои се погодни за секој тип кожа. Освен тоа, трите се во практични за патување паковки, кои можете без проблем да ги носите во рачниот багаж, бидејќи се под лимитот од 100 мл.
Секој производ е направен по прогресивна технологија на база на гел, благодарение на која вашата кожа добива алое вера, влага и растителни состојки, без додадени мириси, парабени и фталати. Чистите веган формули со состојки од природни извори, меѓу кои на прво место е гелот од внатрешноста на рачно берените листови на алое вера од сопствените полиња на Форевер, се најлогичното решение и затоа ги нарековме ЛОЏИК!

ПРВ ЧЕКОР
Logic by Forever Aloe Gel Cleanser
Logic by Forever Aloe Gel Cleanser е нежен, но ефикасен и содржи над 96% состојки кои се извлечени од природни извори. Формулата без сулфати е добра за чувствителна кожа и дава богата и смирувачка пена со изобилие од алое вера. Гелот од листовите на растението содржи витамини и компоненти за нега на кожата кои ја задржуваат влагата во неа. Тој е комбиниран и со екстракт од плодовите на пустински урми за уште подобра хидратација, како и со естери од јојоба за поддршка на добрата состојба на кожата.

ВТОР ЧЕКОР
Logic by Forever Balancing Aloe Essence
Logic by Forever Balancing Aloe Essence придонесува за балансирањето и хидратацијата на кожата. Со повеќе од 98% состојки од природни извори и освежувачка, свиленкаста текстура, производот ја храни кожата и го изедначува тенот на лицето. Освен високата концентрација на алое вера, есенцијата содржи и краставица за смирување и негување на кожата, како и екстракт од зелен чај, познат со антиоксидантните својства.

ТРЕТ ЧЕКОР
Logic by Forever Soothing Gel Moisturizer
Logic by Forever Soothing Gel Moisturizer обезбедува долготрајна хидратација во лесна, немрсна формула, богата со алое вера. Над 94% од состојките се од природни извори, а една од нив е витаминот B3, наречен ниацинамид кој придонесува за подобрување на структурата и тенот на кожата. Друга состојка е екстракт од калинка со антиоксидантно дејство за уште подобра хидратација. Екстрактот од семе на баобаб е растителна алтернатива на животинскиот колаген и помага за интензивна и долготрајна хидратација.

За кого е погодна серијата ЛОЏИК?
Целта на новата програма на Форевер е да предложи едноставен и логичен систем за нега на кожата, погоден дури и за почетниците од генерацијата Z, кои штотуку почнуваат да создаваат секојдневен козметички режим. Идеална е и за сите кои досега ја користеле зелената серија за секојдневна нега „Соња“.
Ниската цена ја прави подостапна, а во нејзината ефикасност и квалитет сами ќе се убедите. Препознатливиот гел од внатрешноста на листовите на алое вера на Форевер е првата состојка во сите три производи, а чистите формули имаат висок процент на природни состојки и се погодни за вегани. Искористете го и фактот што трите логични и лесни чекори се одлични за демонстрирање и споделување на социјалните мрежи!