Нови производи за здрава и витална коса

Форевeр

Новиот АЛОЕ-ЈОЈОБА ШАМПОН и АЛОЕ-ЈОЈОБА БАЛСАМ се веќе тука! Навистина ќе ви се допадне нивната подобрена формула и шармантна арома. Шампонот нежно ги измива маснотиите и нечистотијата и заедно со балсамот ги храни сите видови на коса.

Создадени од чисто алое вера и масло од јојоба, обновениот шампон и балсам на Форевер се идеални за секојдневна употреба за мека, лесна за чешлање и обликувана коса со одличен сјај.

Нежно и ефикасно дејство со универзална примена

Обновените производи за нега на коса на Форевер не содржат додадени сулфати и помагаат во одржување на балансот на влага во скалпот. Нивните формули се погодни и за мажи и за жени, за сите типови коса и различни возрасти, што ги прави идеални за целото семејство.

Богатата природна пена на АЛОЕ-ЈОЈОБА ШАМПОН помага лесно да се измијат нечистотијата и маснотиите. По длабинското чистење, вашата коса е мека и лесна за чешлање. Шампонот е нежен за скалпот, а неговата лесна формула овозможува секојдневна употреба.

АЛОЕ-ЈОЈОБА БАЛСАМ го поддржува дејството на шампонот со дополнителна хидратација на скалпот и негување на косата со моќни состојки. Двата производи добро функционираат заедно за да го олеснат чешлањето, лесно ја обликуваат мазната коса и ги скротуваат сите летечки прамени.

Алое и јојоба

Како што е традиционално за производите на Форевер, главната состојка во обновениот шампон и балсам е чист гел од внатрешноста на листовите од алое вера од нашите полиња. Содржи 75 активни состојки кои помагаат да се омекне скалпот и да го оживее природниот сјај на вашата коса. Меѓу многубројните природни состојки на алоето се витамини како А, Ц, Е и Б12, минерали како бакар и цинк, амино киселини, ензими, растителни стероли и други вредни хранливи материи. Благодарение на нив, го храни, смирува и навлажнува скалпот но и самата коса. Покрај тоа, гелот делува како природен емулгатор, кој остава чувство на чиста и оживеана коса со прекрасен сјај.

Како и досега, во новите формули на шампонот и балсамот на Форевер, идеален придружник на алоето е маслото од јојоба кое е богато со природни масти и е познато по своите својства за навлажнување и зајакнување на косата и кожата. Лесното масло го храни, смирува и е нежно за скалпот.

Нови состојки за оптимален ефект

Во двата производи дополнително ја зајакнавме моќта на добро познатата алое вера и јојоба со пантенол (витамин Б5), арган и масло од шипинка. Аргановото масло е познато како „течно мароканско злато“ и ја храни косата со антиоксидантната моќ на витаминот Е. Маслото од шипка придонесува за мека и хидрирана коса, збогатена со витамини Ц, Е и Б. Заедно, овие моќни состојки обезбедуваат хранливи материи, незаситени масни киселини и антиоксиданти.

Волшебна арома

Новата свежа арома на тропско овошје со примеси на слатка павлака и диња ќе ве маѓепса и секое капење ќе го претвори во оживувачко и релаксирачко задоволство!

Подарете и го на вашата коса најдоброто од природата со АЛОЕ-ЈОЈОБА ШАМПОН и БАЛСАМна Форевер!

Споделете со пријатели:

Нагоре