Обнови и подмлади
Производите за нега на кожата и нивната активност придонесуваат во голем дел за одржувањето на вашата кожа таа да изгледа најдобро. Претходно познато како Алфа-Е Фактор, маслото за обновување на лицето е нова формула која комбинира хранливи состојки за да помогне во надополнувањето на влажноста на вашата кожа и да се справи со стресните фактори на околната средина.
Новиот производ е без силикон и содржи антиоксиданси како ретинол и витамин Е, во комбинација со хидратантни агенси како масло од семе од пореч и алое вера. За подетален поглед на REPLENISHING SKIN OIL, разговаравме со потпретседателката за развој на производи на Forever, Холи Стаут.
Што претставува Replenishing Skin Oil??
Replenishing Skin Oil ѝ помага на вашата кожа да се справи со стресните фактори на околната средина, истовремено ја враќа влажноста, ја поддржува еластичноста и придонесува за намалување на знаците на стареење. Маслото лесно се лизга по лицето и не содржи силикони. Исто така, содржи липиди кои ѝ помагаат на кожата да ги надополни есенцијалните масни киселини, правејќи ја да изгледа сјајна. Производот претходно се викаше Алфа-Е Фактор и беше употребуван од многу луѓе ширум светот поради неговата способност да ја подмладува структурата на кожата.
Кои се главните состојки и што прават тие?
Една од најважните компоненти е алтернативата на силиконот базирана на растенија - C15-19 алкан. Силиконите се најчесто користени и ефтини полнила со многу голема молекула која не се апсорбира од кожата. Оваа природна алтернатива има молекуларна големина што подобро ги задоволува потребите на кожата за липиди. Производот исто така содржи масло од семе од пореч, кое обезбедува високи концентрации на есенцијални масни киселини кои дејствуваат како природни ензимски агенси за враќање на влажноста на кожата. Витаминот Е помага во борбата против стресните фактори на околната средина, додека друг антиоксиданс, ретинил палмитат, придонесува за здрава кожа.
Што го разликува од другите слични козметички производи на пазарот?
Не можеме да разговараме за производите за нега на кожата на Forever без претходно да го споменеме квалитетот. Се придржуваме до строги и сеопфатни стандарди за квалитет, следејќи сè, од суровини до готов производ. Плус, со природната алтернатива на силиконот на растителна основа, добиваме свиленкасто меко чувство, додека ѝ даваме есенцијални хранливи материи на кожата.
Како да го користите Replenishing Skin Oil?
Нанесете на лицето, вратот и сите суви делови од вашата кожа на кои им е потребно. Исто така, би препорачала да го користите пред спиење како претпоследен чекор во вашата вечерна рутина за нега на кожата, пред да го нанесете вашиот омилен хидратантен крем. Додавањето производ со есенцијални масни киселини може да помогне во поддршката на ноќната регенерација на кожата со поддршка на процесите на подмладување, обновување и поправка.
Како комуницира со другите производи за нега на кожата на Forever?
Кога развиваме производи за нега на кожата, се стремиме да создадеме формули што можат да се комбинираат едни со други. REPLENISHING SKIN OIL совршено се комбинира со вашиот омилен хидратантен крем или лосион Forever, како и со ALOE ACTIVATOR за дополнителна хидратација.
Зошто е важно да ја заштитиме нашата кожа од агресијата на околната средина?
Нашата кожа е постојано изложена на напади - без разлика дали е тоа од стрес, лоша исхрана или начин на живот. На ова дополнително додадете ги негативните надворешни влијанија, како што се загадениот воздух, ветерот и ултравиолетовите зраци. Иако овој производ не нуди заштита од сонце, кога некое лице е надвор, изложено на климатска агресија, секогаш му е потребна помош за да се бори против сите фактори што се обидуваат да ја оштетат неговата кожа. Тука доаѓаат во игра производите што го обновуваат она што е одземено.
Кој може да има корист од Replenishing Skin Oil?
Производот е одличен за сите типови на кожа, особено ако е посува и дехидрирана. Идеален е како дел од козметичка дневна нега за посјајна, подмладена и еластична кожа, го поддржува поелегантното стареење и помага да се справиме со надворешните стресни фактори на околната средина.