Уживајте во мирисите на сезона
Животот има тенденција да станува сѐ позафатен на крајот на годината, но забавните, здрави рецепти нѝ нудат пријатен одмор од зафатеното секојдневие. Ако барате освежителен пијалак или повеќе протеини за виталност, видете ги двете рецепти приготвени со омилените Форевер производи. Тие се вкусен и хранлив начин да одвоите малку време за да се чувствувате подобро.
Алое бери чај
Комбинација од слатко и зачини. Овој ладен напиток комбинира Aloe Blossom Herbal Tea® и Forever Aloe Berry Nectar™. Со ноти на брусница, јаболко, портокал и цимет, ова е освежителна варијанта на традиционалниот леден чај во секое време на денот.
Состав
- 2 ќесички Aloe Blossom Herbal Tea®
- 120 мл Forever Aloe Berry Nectar™
- 1 мал портокал
- 180 мл вода
- 2 парчиња цимет
- Мраз
Подготовка
- Ставете две ќесички Aloe Blossom Herbal Tea® во 180 мл топла вода.
- Додадете 2 стапчиња цимет и оставете да отстои 10 минути.
- Изладете го чајот уште 10 минути, оставете го циметот во напитокот за дополнителна арома.
- Истурете го оладениот чај во чаша со мраз.
- Додадете Forever Aloe Berry Nectar™.
- Исечете го портокалот на половина и исцедете го сокот од едната половина во чашата.
- Украсете го работ на чашата со парче портокал.
- Промешајте со стапчињата цимет.
Чоколаден шејк со нане
Свеж и кремаст со мало здраво задоволство, овој шејк комбинира свежо нане и какао зрна со богатиот вкус на FOREVER LITE ULTRA CHOCOLATE. Вкусен десерт за балансиран и контролиран режим.
Состав
- 1 дозерка FOREVER LITE ULTRA CHOCOLATE
- 1 чаша обезмастено млеко или растителна алтернатива
- Една шака свежо нане
- Мраз
- 3 с. л. мелени зрна какао
Подготовка
- Одделете неколку листови нане и ½ с. л. мелени зрна какао.
- Ставете ги сите останати состојки во блендер и блендирајте ги до мазна конзистенција.
- Истурете го шејкот во стаклена чаша.
- Украсете ја со останатите парчиња какао и нане.