Пролетен замор?

По материјали од Форевер Германија

Сонцето грее, птиците пеат, дрвјата почнуваат да се разлистуваат – пролетта доаѓа! Ако се чувствувате истоштено додека сѐ надвор цвета и се буди, значи можеби имате пролетен замор.

Но, не грижете сѐ – со природните производи на Форевер сезонското нерасположение ќе помине и многу брзо повторно ќе бидете витални и енергични! На пример FOREVER POMESTEEN POWER e напиток со одличен вкус кој закрепнува, а FOREVER FOCUS ја поддржува вашата концентрација и го подобрува квалитетот на вашата работа. Подолу следат уште одлични предлози од нас!

Не е пријатно да немаме сила

Да не се чувствуваме во форма во оваа сезона е добро познат феномен. Луѓето кои се чувствителни на временските промени и имаат низок крвен притисок обично се повеќе склони кон такви состојби. Околу 60% од жените и 54% од мажите од време на време страдаат од пролетен замор. Типичните симптоми вклучуваат замор, проблеми со циркулацијата, вртоглавица, а понекогаш и раздразливост. Пролетниот замор може да се појави меѓу јануари и април, а најсериозно се појавува во март и април. Причините за тоа се природни – организмот треба да се адаптира на повеќе сончева светлина и да го прилагоди метаболизмот за потоплото време, а овие промени трошат многу од нашата енергија.

Причини за пролетниот замор

  1. По долгата и темна зима во нашето тело нивото на хормонот за сон – мелатонин, е повисоко. Кога повеќе сончева светлина ја гали нашата кожа, организмот започнува да го синтетизира неговиот спротивен хормон – серотонинот. При активирањето на серотонинот ние се исполнуваме со енергија и расположението ни се подобрува.
  2. Преку зимата базната температура на нашето тело опаѓа и сега тоа треба да се прилагоди на повеќе топлина – крвните садови се шират, крвниот притисок опаѓа и ние се чувствуваме исцрпено.
  3. Преку зимата имаме навика да јадеме покалорична и потешка храна. Понекогаш ги занемаруваме овошјето и зеленчукот, што може да предизвика дефицити, а тие исто влијаат на нашата виталност.
  4. Денот е подолг – во пролет го менуваме ритамот и помалку спиеме, што исто може да доведе до исцрпеност.

Се чувствувате уморно и депресивно? Видете како да се справите

Јадете многу свежо овошје и зеленчук и подобро избегнувајте мрсна и многу слатка храна. Секако, здравата исхрана секогаш е важна, но можете да го потпомогнете организмот и со малку дополнителни витамини и минерали, особено при преодот од студената сезона кон пролетта. Претпоставуваме дека редовно пиете FOREVER ALOE VERA GEL или некој од нашите други уникатни алое пијалаци. Тие се произведуваат од алое кое сами го одгледуваме во климатски услови со над 2 000 сончеви часа годишно. Внатрешно употребено, алое вера има природни својства за чистење и помага за добро варење и оптимална апсорпција на хранливите материи. Алое пијалаците на Форевер содржат и многу витамин C, кој придонесува за нормалната функција на имунолошкиот систем и за нормален тек на метаболизмот и производството на енергија. Нивен идеален придружник во пролетта е FOREVER BEE POLLEN. Тој ја комбинира моќта на чистиот пчелен полен со килибарен мед во неповторлива комбинација од нутриенти, минерали и витамини за повеќе енергија и помалку замор. Кога ви треба брзо освежување во текот на денот, енергетскиот напиток FAB ви нуди природен извор на кофеин и задоволува 100% од вашите дневни потреби од витамините B3, B5, B6 и B12 со вкус на гуарана, алое вера и специјална билна мешавина.

Пијте доволно течности! Најмалку литар и половина до два литра дневно. Во задолжителната вода додајте богати овошни сокови како веќе споменатиот егзотичен FOREVER POMESTEEN POWER со витамин С, кој придонесува за намалување на чувството на замор. Вкусниот напиток го комбинира најдоброто од калинката, мангостинот, крушата, малините, капините, боровинките и екстрактот од гроздови семки. Потпрете сѐ на моќта на природните антиоксиданти, за да се спротивставите на штетата од слободните радикали.

Излезете на воздух! Сонцето нека ја допре вашата кожа, уживајте во подолгите денови. Дури и само кислородот може да ве исполни со многу енергија. А ако сакате да направите нешто добро и за вашата кожа, освежете ја со ALOE ACTIVATOR – нежен тоник за лице кој обезбедува виталност и хидратација со своите 99% чист гел од алое вера.

Движете се! Ова не само што ќе ја стимулира циркулацијата и ќе го зајакне вашиот имунитет, туку ќе го подобри и вашето расположение. Спортот сериозно го зголемува производството на серотонин, прави да се чувствуваме подобро и поенергично. Не е случајно што пролетниот замор е многу поредок кај спортистите отколку кај луѓето што не се физички активни. Тренинзи за издржливост како трчање, возење велосипед и пешачење се идеални за пролетта. Но, и едноставната прошетка има позитивен ефект. Облечете ги патиките и тргнете!

Ако сезонскиот замор влијае и на вашата способност за фокусирање и вашата продуктивност опаѓа, пробајте FOREVER FOCUS. Ќе го поддржи вашето тело со витамините B5, B6, B12 и цинк, кои придонесуваат за нормалната когнитивна функција и го поддржуваат имунитетот.

Затоа излезете во природа, одржувајте добро расположение и најмногу – не престанувајте да се движите!

Споделете со пријатели:

Нагоре