Тука се гради успехот

Форевер

Погледнете зошто деновите на успех на Форевер се важни за вашиот бизнис. Ве очекуваме на 19 мај, во Холидеј Ин во 11.00 часот, за да ги одбележиме вашите успеси!

Признание

Форевер ги создаде средбите наречени Ден на успехот, за да ја награди вашата посветеност на бизнисот и да аплаудира на вашите постигнувања. Тие се вашата шанса да застанете под светлините на проекторите и да бидете поздравени лично од Генералниот директор на Форевер Ливинг Продактс ДООЕЛ– Стефан Стаев за ново ниво, квалификација во програмата за стимулирање или постојаност во бизнисот под формата на долгорочна активност. Сопствениците на Форевер бизнис, наградувани на сцената, добиваат можност и да ги споделат инспиративните лични истории со публиката.

Комуникација

Форевер бизнисот се гради врз човечките односи. Затоа мислиме дека е многу важно да бидеме заедно и да комуницираме меѓу себе. Деновите на успехот собираат стотици сопственици на Форевер бизнис под еден покрив и ви дават можност да се видите со тимот, да разговарате со колеги од други мрежи и да се запознаете со водечките во бизнисот. Универзалната радост од постигнувањата на наградуваните на сцената зближува и го разгорува ентузијазмот.

Споделување на знаење

Нашите лидери знаат многу за мрежниот маркетинг и се подготвени да ги споделат со вас принципите на работа што тие самите ги доживеале. Од сцената ќе слушнете вредни совети за градење на бизнисот од најдобрите. Сакаме да ги слушаме и впечатоците на сопственици на Форевер бизнис кои се во почетните етапи на маркетинг планот, чии животи веќе се промениле на подобро. Тие нѐ инспирираат и ја зацврстуваат нашата верба.

Мотивација

Имате лоша седмица? Ви недостасува мотивација? Ништо не е така убедливо и воодушевувачко како сала, полна со стотици сопственици на Форевер бизнис полни со ентузијазам! Доброто расположение е заразно и ќе ве инспирира да се вратите на градење на сопствен Форевер бизнис со обновен жар. Позитивниот набој на деновите на успех оживува, инспирира и насочува.

Споделете со пријатели:

Нагоре