Негувајте ја вашата кожа

Холи Стаут
Потпретседател на Форевер за глобален развој на производи

Кожата е најголемиот орган во телото и лесно се гледа кога е оштетена или не е добро негувана. Заменик претседателката на Форевер за глобален развој на производи, Холи Стаут, која има повеќе од 19 години искуство во создавање на производи за убавина и додатоци во исхраната, споделува како да се грижите за вашата кожа, и одвнатре и однадвор.

Како секојдневието влијае на нашата кожа?

На кожата јасно се гледа дали сме ја негувале низ годините или сме ја запоставиле. Вашиот изглед кажува за вашиот режим на убавина (или недостаток од него), колку време поминувате на отворено, како се храните, колку течности земате, климата во која живеете, сезонските промени и многу други фактори кои влијаат.

Како она што се случува во телото се рефлектира на нашата кожа?

Кожата покажува не само кои се нејзините потреби, туку и потребите на вашето тело како целина. Но само ако знаете да ја слушате. Често мислиме дека нашите органи се само внатре во телото, но јасно е дека не можеме да ја видиме историјата на црниот дроб или срцето со голо око. Затоа, состојбата на кожата може да биде е одличен показател за тоа што може да се случува внатре во нашето тело, може да ни даде знак дека имаме дигестивни проблеми, хормонален дисбаланс или дека сме дехидрирани.

Што можеме да направиме за да ја подобриме состојбата на нашата кожа?

Конзистентноста е најважниот чекор за секој кој сака да создаде режим за убавина или да го подобри постоечкиот. Идеалниот режим за почетници вклучува миење на лицето и нанесување конкретни производи – и наутро и навечер, во комбинација со пилинг два до три пати неделно. Ако треба да изберам само еден совет, тоа би било да го правам режимот секој ден без исклучок – два пати на ден, како што веќе напоменав. Ако сте нови за нега на кожата, започнете со четири едноставни производи: лосион за чистење, тонер, серум и навлажнувач.

Дали постои начин да се грижиме за нашата кожа од внатре кон надвор?

Честопати не нѝ паѓа на памет дека правилната исхрана, суплементите и пиењето доволно вода се работи кои можат да ѝ користат на нашата кожа, но тие всушност се неопходни за нашиот добар изглед. Најважната област на телото на која треба да се фокусираме во однос на состојбата на кожата е дигестивниот систем. Толку многу процеси помеѓу мозокот и цревата управуваат со внатрешните и надворешните функции на различни делови од телото. Кога на вашето тело му ја давате вистинската храна, тоа испраќа сигнали до мозокот, кој пак го одредува однесувањето на кожата, нејзиниот изглед и како се чувствувате во неа.

Дали е важно да ја заштитиме нашата кожа од сонцето во текот на целата година?

Сончевите зраци имаат ефект дури и во зима и во облачен ден. Сонцето е еден од најштетните надворешни фактори за кожата, може да предизвика појава на темни дамки и да го забрза процесот на стареење. Нанесувањето крема за сончање создава бариера која ги блокира УВ зраците и апсорбира дел од нивните штетни ефекти, но се препорачува производот да се нанесува на секои два часа бидејќи ефективноста на сите креми и лосиони за сончање слабее под влијание на вода и сол (т.е. при потење). Без разлика на сезоната, секојдневно користите квалитетен производ за заштита од сонце на лицето и кожата изложена на надворешни фактори (раце, деколте, нозе и сл.) и редовно нанесувајте го. Така подобро ќе се заштитите од ефектите на сонцето.


Земете ги следните додатоци во исхраната за да го негувате и поддржите здравјето и изгледот на вашата кожа од внатре кон надвор:


АБСОРБЕНТ Ц за заштита на кожата од оксидативен стрес

ФОРЕВЕР АКИТВ ПРО-Б за поддршка на здравјето на цревата со шест пробиотски соеви

ФОРЕВЕР АКИТВ ХК за повеќе хидрирана и свежа кожа



Користете ги следниве производи за надворешна употреба за да ви помогнат кожата да изгледа добро однадвор:


ЛОСИОН ЗА ЧИСТЕЊЕ од серијата Infinite за нежно миење на лицето наутро и навечер

ТОНИК ЗА БАЛАНСИРАЊЕ за изедначување на бојата и текстурата на кожата

СЕРУМ ЗА ЗАТЕГНУВАЊЕ од серијата Infinite за подобрување на еластичноста на кожата

ГЕЛ МАСКА од серијата Sonya за негување на кожата додека спиете

АЛОЕ ЛОСИОН ЗА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ за заштита од УВА и УВБ зраци


Споделете со пријатели:

Нагоре