Одржливи решенија
Близу 50 години Форевер има еколошки пристап за своите алое полиња и се стреми својата филозофија „од растението до производот до вас“ да е во согласност со одржливите практики.
Како најголем производител на алое во светот, компанијата поседува и култивира над три илјади хектари насади во Тексас и Доминиканската република, каде во просек одгледуваме 40 милиони растенија алое вера годишно. Преку органското земјоделство, чување на водите, одговорното производство и иновативното пакување, ние се придржуваме на ангажманот да го намалуваме нашиот отпечаток врз природата, додека создаваме и нудиме најквалитетни производи.
Органско земјоделство
Нашите полиња со алое се одгледуваат со еколошки одговорни практики кои ја штитат и негуваат земјата за идните поколенија.
БИО сертификати
Нашите алое растенија во Доминиканската република и гелот што го извлекуваме од неговите листови во 2024 год. добија американски и европски био сертификати, кои се доказ за нашето придржување кон еколошката рамнотежа, заштитата на почвите и елиминирањето на синтетичките химикали, ГМО и јонизирачката радиација.

Намалување на јаглеродниот отпечаток
Со примената на природното пасење помалку се потпираме на опрема на гориво и така ги намалуваме штетните емисии.

Природно земјоделство
Наместо синтетички хербициди и ѓубрива за алое насадите во Доминиканската република, Форевер ги користи услугите на стадо од речиси 3 000 кози за природно плевење и над 2 500 тони ѓубриво годишно.

Збогатување на почвата
По секоја берба на зрели алое листови, која се одвива рачно, ние ја враќаме непотребната кора во почвата за да ја збогатиме.
Ја заштитуваме водата
Зачувувањето на овој вреден ресурс и оптимизирањето на ефикасноста во нашите полиња со алое се составен дел на нашата стратегија за одржливост.

Рециклирање
Целата вода со која се мијат листовите од алое вера, се рециклира за поливање на насадите.

Ефективно наводнување
Во нашите полиња со алое во Доминиканската република, пумпите за вода се напојуваат со соларни панели, а системот за наводнување капка по капка ја намалува потрошувачката на вода за 90%.
Одговорно производство
„Aloe Vera of America е клучна компонента на синџирот за снабдување и добива награди и сертификати десет години за напорите да го сведе на минимум влијанието врз животната средина.

Награди „Син палец“ и P2
Девет последователни години АВА ја добива наградата „Син палец“ за елиминирањето на потенцијални загадувачи од нејзините отпадни води, како и наградата P2 за програмите за рециклирање и намалување на отпадоците.

Сертификати ISO
АВА има добиено неколку сертификати од Меѓународната организација за стандардизација (ISO), вклучително и оние за водна ефикасност, енергетска ефикасност, квалитет, еколошко управување, безбедност при работа и лабораториска компетентност.
Иновативно пакување
Обновувањето на амбалажата во последните години е одраз на нашиот долгорочен ангажман за намалување на отпадот и промовирање на рециклирањето.

PET шишиња
Литарските пакувања на алое пијалаците на Форевер се изработени од 100% рециклирачки PET материјал, изработен од над 50% рециклирана пластика.

Оптимизација на картоните за достава
Нашиот европски логистички центар ФОРЕВЕР ДИРЕКТ го намали нашето влијание врз животната средина со намалување на димензиите на кутиите за достава, со тоа што премина на кутии од 85% рециклирани материјали и ги замени пластичните полнила со хартиени.