Имате моќ да постигнете големи работи

Aidan O`Hare

Одејќи напред размислете како секој контакт и секој разговор, насекаде и на секое ниво, може да се фокусира на раст и градење на вашиот бизнис.

Можете ли да верувате дека веќе е март? Првиот квартал речиси заврши, а како Божиќ да беше пред пет минути!

Само што се вративме од нашиот возбудлив настан Accelerate во Доминиканската Република каде ги обиколивме полињата со алое и производствените капацитети. Научивме многу еден за друг, а и за самите себе. Оваа обука беше толку неверојатна што веќе ги одредуваме датите за февруари 2024 год. Ако сакате да сте со нас на незаборавното патување, споделете со персоналот во вашата канцеларија, за да ве вклучиме во ексклузивниот список.

Честитки за сите квалификувани за нашето Глобално рели и Chairman’s Bonus на островот Бали. Воодушевени сме што заедно ќе уживаме во Индонезија и ќе празнуваме.

Програмата Менаџер ОРЕЛ за 2022/2023 год. е при крај, затоа не заборавајте да сте фокусирани, воедно и на квалификацијата за Глобално рели 2024 која тече до декември и бидете сигурни дека ги постигнувате вашите цели за квалификацијата. Настанот во Индија ќе биде епски!

Толку многу се случува во светот на Форевер и гледаме фантастичен раст, но сѐ уште имаме многу работа.

Неодамна бев во Јапонија каде се качив на брзиот воз од Токио до Осака. Додека се возев и гледав низ прозорецот, а јапонскиот пејзаж леташе со брзина што го одзема здивот, размислував за Форевер. Компанијата е слична на тој воз. Се трка низ светот. На моменти патувањето е возбудливо, кога грмиме низ планинските превои. Друг пат се движиме по голи ридови или низ правливи рамнини.

Нѐ гледам нас – сопствениците на Форевер бизнис и персоналот, како екипажот на возот. Ние сме машинистите, кондуктерите, механичарите, инженерите, стјуардите, готвачите и чистачите, кои неуморно се трудат да ги одржат сите системи и услуги во идеална работна состојба, одржувајќи го ритамот на движењето.

Се тркаме низ градови и села, качуваме и симнуваме патници. Некои остануваат, други не, без разлика дали се СФБ или вработени. Сакаме сите да останат, но тоа не е реално. И сепак повеќето остануваат со нас и го сакаат патувањето.

Ќе се согласите дека последните неколку години нашето внимание се расејуваше во секакви насоки и се оддалечуваше од нашиот основен фокус. Но, тука сме во првите месеци на новата 2023-та, сега е моментот да се вратиме на растот и да го ставиме на прво место.

Гледајќи напред, треба да го изостриме фокусот на следната цел. Не можеме да си дозволиме да нѐ расејуваат оние кои се обидуваат да нѐ исфрлат од колосек или да го забават нашиот напредок. Времето ни е ограничено и секоја секунда е важна, затоа треба да се стремиме да го претвориме секој миг во успех.

Како што кажа Грег: „Вие сте премногу важни и времето ви е премногу вредно за да го трошите на работи кои не ви помагаат да растете.“

А како да го направиме? Како да се вратиме на растот и како да си направиме план кој ќе нѐ води до него?

Се враќаме на она што отсекогаш нѐ учеле: „Нема проблем кој не може да се разреши со зголемување на доходовните продажби.“ Рекс и Грег го повторувале ова од самиот почеток и истото сме го гледале во пракса. Затоа ајде повторно да ги решаваме проблемите на нашиот начин – помагајќи им на милиони луѓе да го наречат овој воз свој.

Време е да го поттикнеме со активности за раст – треба да ги користиме производите, да ги продаваме, да спонзорираме луѓе, да правиме 4 б. и да се квалификуваме за дарежливите програми за стимулирање.

Верувам во она што го нудиме и го презентираме на светот, и се надевам дека вие исто верувате во него. Имаме прекрасно наследство, дарежлив маркетинг план, ефикасни производи и милиони луѓе кои го бараат сето тоа.

Некои може да кажат дека таков пристап е идеалистички, безумен, наивен или нереалистичен. Им велам: „Добро, но запомнете дека ништо прекрасно не е постигнато од оние што останаа на станицата. Нека седат без работа, додека ние летаме напред!“

Јас верувам во вас. Вие имате моќ да постигнете големи работи, да го движите возот на Форевер до следната станица. Таму ќе качиме уште патници, а може и да симнеме еден-двајца.

Пријатели, ви благодарам за сѐ што правите. Немам трпение заедно да ја создадеме иднината како едно Форевер семејство. Да ја направиме нашата иднина нереална!

До скоро,

Aidan O`Hare

Претседател на Форевер Ливинг Продактс Интернационал

Споделете со пријатели:

Нагоре