Кои се вашите цели за 2026-та?

Форевер

Ако ви е тешко да ги одредите целите, не сте единствените. Всушност за многумина одредувањето на цели буди негативни асоцијации – ги потсетува дека треба тоа да го прават на работа на пример. Но ако успеете да го надминете непријатното чувство и се обидете, ќе навлезете во страната на можностите.

Обидете сѐ да си претставите дека сте на крајот од животот и се осврнувате на сѐ што некогаш сте направиле. За што не сакате да жалите? Што би сакале да имавте постигнато? Како сакате да ве запомнат? Откако ќе си одговорите на овие прашања, списокот со цели ќе биде многу полесно да се состави и вие веќе сте го направиле првиот чекор напред.

Почетокот на годината е моментот да размислите што сакате да постигнете. Ако ви е тешко подолгорочно да размислувате, тогаш одредете кон што ќе се стремите во 2026-та. Одлична почетна точка е да ги запишете целите црно на бело, а еве и неколку клучни елементи чие што комбинирање ќе ви овозможи навистина да го постигнете тоа што сте го зацртале…

ХРАБРОСТ

Стравот од неуспех може сериозно да се одрази на начинот на кој дејствуваме секојдневно, и често пати нѝ пречи да го реализираме полниот потенцијал. Потребна е голема смелост да имаш големи соништа и да излезеш од зоната на комфор, а ако решиш да се оттргнеш од тоа што сите останати го прават, треба да си подготвен за критики. Често луѓето се плашат да си признаат што сакаат да постигнат со помош на Форевер бизнисот, бидејќи се срамат и си мислат дека другите ќе ги осудуваат. Често слушаме работи како „Луѓе како нас никогаш нема да постигнат такво нешто“ и нашата самодоверба е сериозно разнишана. Тешко е да се соочиш со такви негативни мислења и потребна е храброст за да ги игнорираш.

Нема сомнеж дека е тешко да собереш храброст и да застанеш зад своите соништа, но едно нешто што може да ви помогне е да откриете што ви дава сила. Во многу случаи храброста е инспирирана од дефинирањето на личното „зошто“, кое стои зад вашата цел (вашето „што“). „Што“ може да се одмори, училишни такси, исплаќање на кредити и долгови, помош за семејството и т.н., но вашето „зошто“ е емоцијата зад тоа, а имено емоциите ги одредуваат нашите одлуки и поведение.

ВИЗИЈА

Едно е да со жар да кажеш што се надеваш да постигнеш во животот и сосема друго е да го напишеш тоа – така вашата надеж добива сосема нова форма, станува конкретна. Ако направите своја визуелна табла на соништата, тоа ќе ви даде поттик да го постигнете тоа што сте го напишале.

Ако сечењето на слики и нивното лепење на табла ви звучи несериозно и детско, можеби е корисно да научите дека постои цела наука посветена на визуелните табли. Во статијата „Око да види, рака да пипне – моќта на визуелизацијата“, публикувана во списанието „Психологија денес“, се вели: „За време на визуелизацијата мозокот се подготвува за реално дејство. Докажано е дека умствените практики можат да ја зголемат мотивацијата, самодовербата и личната ефикасност, да ги подобрат моторните перформанси, да го подготват мозокот за успех и да ја зголемат концентрацијата.“ Со други зборови, се смета дека има директна врска меѓу визуелизацијата и постигнувањата.

Но, внимавајте вашата табла на соништа да не биде само за вашето „што“, таа треба да го вклучува и вашето „зошто“ – како сакате да се чувствувате. Следете ги патеките по кои чекорат лидерите во Форевер и слушајте ги нивните совети.

ВЕРБА

Откако ќе изработите табла на соништата, важно е да верувате дека тоа што се надевате да го постигнете, може навистина да се оствари. Понекогаш тоа е најтешкиот дел од поставувањето на цели. Ако не успевате, црпете искуства од другите. Читајте биографии и автобиографии на успешни луѓе, ќе ви помогнат да ја изградите вашата верба и ќе ви дадат храброст да продолжите напред и покрај тешкотиите. Побарајте инспирација и надвор од Форевер, бидејќи ќе најдете истории што ќе допрат до вас и ќе си кажете: „Штом овој човек успеал да ги надмине тешкотиите на својот пат, тогаш можам и јас.“

ДЕЈСТВО

Последниот елемент од поставувањето на цели е преземањето на дејства. Да се промениш е тешко, учењето на нови работи исто не е лесно, но е задолжително да започнете да делувате и да преземете одговорност. Треба да ги подобрувате вашите вештини, да се усовршувате и да учите, треба да користите нови алатки и идеи. Дисциплините може да останат исти, но тактиката треба да се промени.

Успехот не е права линија и ако не се придржувате кон овие четири елементи, ќе почувствувате како се отклонувате од зацртаниот курс. Многу е веројатно дека ќе се соочите со разочарувања по патот, но, ако ги надминете, ќе откриете дека целиот труд се исплател.

Ви посакуваме одлучност во 2026 година!

Споделете со пријатели:

Нагоре