Aлое пијалаците во РЕТ амбалажа

Форевeр

Пијалаците од алое вера на Форевер содржат чист гел од внатрешноста на листовите без никакви конзерванси. По асептичката преработка и додавањето на разни дополнителни состојки за да се добијат петте варијанти – ГЕЛ ОД АЛОЕ ВЕРА, АЛОЕ БЕРИ НЕКТАР, АЛОЕ МАНГО, АЛОЕ И ПРАСКА и ФОРЕВЕР ФРИДОМ, сите се пакуваат во РЕТ шишиња. Во следниот текст ќе најдете малку повеќе информации за тоа.

Што е PET?

PET е кратенка за полиетилен терефталат и е транспарентна, издржлива, лесна и 100% рециклирачка пластика. PET е широко распространет материјал за пакување на храна и пијалаци и се рециклира во целиот свет.

Од што се направени PET шишињата на алое пијалаците?

PET шишињата се направени од 50% рециклирана пластика. Со користење на 50% рециклиран материјал, Форевер ја исполнува својата еко обврска за одговорно однесување кон околната средина.

Дали РЕТ шишињата со пијалаци од алое вера се рециклираат?

Да. Пластиката од која се изработени се рециклира, капачињата се од HDPE пластика и исто подлежат на рециклирање. Имајте предвид дека етикетата не се рециклира и затоа треба да се отстрани пред да го исплакнете и фрлите шишето во жолтите контејнери за пластични пакувања.

Погледнете како правилно да ги отварате алое пијалаците


Зошто Форевер се префрли на PET пакувања за своите алое пијалаци?

Промената на пакувањето на алое пијалаците е уште еден чекор во стремежот на Форевер да продолжи да наоѓа одржливи решенија за своите производи. PET пластиката има неколку предности, вклучувајќи го фактот дека се користи помалку енергија за нејзиното производство од другите материјали за пакување. Таа е исклучително лесна, цврста и издржлива, што значи дека е потребно помалку надворешно пакување за заштита на производите при транспорт.

Кои алое пијалаци се во PET шишиња?

Сите литарски пакувања на алое пијалаци веќе се во РЕТ шишиња: ГЕЛ ОД АЛОЕ ВЕРА, АЛОЕ БЕРИ НЕКТАР, АЛОЕ МАНГО, АЛОЕ И ПРАСКА и ФОРЕВЕР ФРИДОМ.

Дали Алое гелот во PET пакувањата е стабилизиран?

Да. Гелот од Алое вера што се користи во сите наши пијалаци е асептички стабилизиран. При овој процес алоето се подложува на краткотрајно загревање за да се зачуваат свежината и корисните својства, а истовремено безбедно се намалува нивото на примесите без потреба од конзерванси. Докажано е дека асептичкиот процес зачувува над 300% повеќе од содржината на витамини, што резултира со свеж и хранлив краен производ.

Дали алое пијалаците во РЕТ шишињата имаат сертификат од МНСА?

Да. Алое пијалаците на Форевер во РЕТ пакувањата се сертифицирани од Меѓународниот научен совет за алое (МНСА). Само производите што одговараат на строгите барања за квалитет на МНСА можат да го носат печатот на одобрување на советот. ГЕЛОТ ОД АЛОЕ ВЕРА на Форевер беше првиот производ во светот што го доби овој сертификат пред многу години. Всушност, стабилизираниот гел од внатрешноста на листовите на алоето што се користи во сите наши алое пијалаци, не само што одговара на минималните барања за сертификација, туку и далеку ги надминува сите параметри за квалитет, чистота и состав.

Дали PET е безбеден материјал за алое пијалаците?

Да. Направени се сите можни тестови за стабилност и компатибилност на пијалаците со пакувањата, за да гарантираме дека PET шишињата се безбедна средина за нашите препознатливи производи. Алое вера пијалаците на Форевер остануваат свежи и стабилни во PET амбалажата, задржувајќи ги корисните својства и вкусот непроменети.

Дали PET шишињата се сѐ уште безбедни ако бидат изложени на топлина?

Да. PET е материјал отпорен на топлина и затоа е безбеден при нормални и разумни услови на загревање.

Дали PET содржи BPA и фталати?

Не. PET материјалот не содржи ниту BPA, ниту фталати.

Како се менува количината на отпад од пакување со преминот на РЕТ шишиња?

Бидејќи PET шишињата се исклучително лесни и издржливи, пијалаците веќе не бараат повеќекратни пакувања и заптивки кои би ги штителе при транспортот до потрошувачите. Ова значи дека се генерира помалку отпад при испорака на производите, што е уште еден чекор во еко политиката на Форевер.

Колку долго по отворањето на PET шишето можам да го чувам гелот од алое?

Алое пијалаците во PET шишиња не содржат конзерванси и затоа е важно да ги следите инструкциите на етикетата и да ги чувате во ладилник по отворањето. Рокот на траење на отвореното шише без конзерванси зависи од тоа на каква температура се чува и како се консумира. Ако избегнувате да пиете директно од шишето, ќе го продолжите рокот на траење, но сепак имајте предвид дека треба да ги испиете алое пијалаците без конзерванси во разумен рок.

Дали содржат глутен алое пијалаците?

Не. Алое пијалаците на Форевер се без глутен.

Дали содржат млечни производи?

Не. Алое пијалаците не содржат никакви млечни производи.

Дали содржат соја?

Не. Алое пијалаците не содржат соја.

Дали се соодветни за вегетаријанци и вегани?

Да. Алое пијалаците на Форевер (со исклучок на ФОРЕВЕР ФРИДОМ) се погодни за вегани и вегетаријанци.

Какви други сертификати имаат алое пијалаците?

Освен печатот на одобрување на МНСА, алое пијалаците ГЕЛ ОД АЛОЕ ВЕРА, АЛОЕ БЕРИ НЕКТАР, АЛОЕ МАНГО, АЛОЕ И ПРАСКА имаат и сертификати Кошер и Халал. ФОРЕВЕР ФРИДОМ.има сертификати Халал и МНСА.

Споделете со пријатели:

Нагоре