Гелот од алое е основата на вашиот бизнис

Форевeр

Жолтото шише ALOE VERA GEL на Форевер стана симбол. Здравиот пијалак не е само срцето на Форевер, туку е и фундаментот на вашиот бизнис.

Концентрирана моќ за телото

Кој редовно пие ГЕЛ ОД АЛОЕ ВЕРА на Форевер, знае каква е неговата моќ. Тој ни обезбедува многу незаменливи хранливи материи и е совршен начин да го оптимизираме нашиот дневен внес на важни нутриенти. Има многу добри причини да пиеме ГЕЛ ОД АЛОЕ ВЕРА секој ден:

  • содржи важни аминокиселини;
  • го снабдува телото со многу витамини, активни елементи, ензими и други корисни растителни состојки;
  • го содржи важниот биоактивен полисахарид ацеманан, кој го поддржува имунитетот;
  • обезбедува неопходни минерали;
  • дава енергија;
  • стимулира и помага размена на материи;
  • го помага варењето и ја подобрува апсорпцијата на нутриенти.

Нова моќ за вашиот бизнис

Ако го употребувате правилно ГЕЛОТ ОД АЛОЕ ВЕРА на Форевер, можете да му помогнете не само на вашето тело, туку и да го развиете бизнисот. Дваесет клиенти кои пијат секојдневно алое, ќе ви обезбедат стабилност. На секој од нив ќе му бидат потребни приближно две шишиња месечно. Ако снабдувате дваесет клиенти со најмалку по две шишиња алое во месецот, ќе имате личен промет од 4,440 б. Ова ја гарантира вашата активност, што ви носи повеќе бонуси. Секој клиент, убеден во дејството на алоето, ќе биде поотворен и за други производи на Форевер. Жолтото шише ги отвора вратите за клиентите, а од вас зависи да го искористите овој потенцијал.

Наоѓање на клиенти – задржување на клиенти

Ако веќе имате 20 клиенти кои секојдневно пијат гел од алое вера, ви честитаме! Сега треба да се погрижите тие да станат ваши редовни клиенти на кои можете да сметате. Тука е најголемата предност на мрежниот маркетинг наспроти трговијата на мало. Бидејќи не мора да чекате клиентите повторно да ве контактираат. Вие имате можност да бидете проактивни и да се поврзувате со нив. Грижете сѐ за нив и по продажбата.

Совети за задржување на клиентите

  • Подгответе си детален список со клиентите, запишувајте ги деталите за секого, како и порачките по дати. Така ќе имате преглед на кого што и кога му е потребно.
  • Јавете сѐ на секој клиент по три дена откако го купил алое пијалакот. Прашајте го дали го пие производот и што мисли за вкусот.
  • По околу една седмица повторно прашајте го: „Како сте? Како се чувствувате? Забележавте ли некакви промени?“
  • Не дозволувајте да им снема залиха, понудете нова достава на време.
  • Слушајте ги внимателно клиентите и обидете сѐ да ги разберете нивните потреби.
  • Бидете секогаш точни, исполнувајте го договореното и не заборавајте да се јавите на луѓето кои ве барале.
  • Стекнете ја довербата на клиентите и покажете им дека може да се потпрат на вас.

Гелот од алое во центарот на вниманието

Сфатете ја важноста на ГЕЛОТ ОД АЛОЕ ВЕРА и поставете го повторно во центарот на вашиот бизнис. Ќе видите дека вреди:

  • Бидете свој најдобар клиент. Пијте гел од алое вера секој ден, бидејќи кога вие сте убедени, ќе може да ги убедите и другите.
  • Зборувајте постојано и насекаде за придобивките од АЛОЕ ВЕРА ГЕЛОТ на Форевер.
  • Бидете секогаш подготвени со вашата „Алое историја”. Објаснете со три-четири кратки реченици зошто вие пиете алое секој ден.
  • Секогаш имајте доволно гел на располагање за вашите клиенти. Така ќе заштедите време и ќе го зголемите вашиот профит.

Споделете со пријатели:

Нагоре