Живејте активно!
Кога сме меѓу луѓе обично се огледуваме околу нас – ги оценуваме другите, се споредуваме со нив, ги одобруваме или ги критикуваме. Луѓето се различни – различни форми, различни големини. Треба да научиме да се прифатиме и да се сакаме себе си, пред телото во кое живееме да не започне да му штети на нашето здравје.
И покрај широко распространетиот тренд за здрава исхрана и начин на живот, според СЗО човештвото се дебелее сѐ повеќе. Над 50% страдаат од прекумерна тежина, а речиси 20% – од дебелина. Студиите покажуваат дека загуба на 5% од тежината може да има позитивно влијание на здравјето, бидејќи води до намалување на шеќерот во крвта, холестеролот и крвниот притисок. Уште повеќе – кога слабееме, расположението, виталноста, енергетските нивоа и самодовербата се зголемуваат.
Почетокот на годината е одличен момент за создавање на нови добри навики. Без оглед дали вашата цел е само да влезете во старите фармерки или да ослабете поради здравствени проблеми, патот е еден. И тој е да живееме АКТИВНО. Но ова не значи само да си купиме влезница за фитнес. Видете ги и другите аспекти на активниот начин на живот.
Активните луѓе појадуваат
Една од најважните навики на луѓето што активно живеат е дека никогаш не го пропуштаат појадокот. Иако логиката вели дека ако јадеме повеќе, ќе се здебелиме, според истражувањата, луѓето кои редовно појадуваат не доживуваат напади на глад во остатокот на денот и поуспешно ја контролираат исхраната. Ако немате време за појадок, растворајте по една дозерка Forever Lite Ultra или Plant Protein во обезмастено кравјо или овесно млеко за брз и хранлив старт на денот. Шејкот ќе ве држи сити долго време, а ако изберете Forever Lite Ultra, можете да сте сигурни дека тој ќе ве обезбеди со 50% од витамините, минералите и аминокиселините што му се потребни на вашто тело за денот.
Активните луѓе јадат на секои пет часа
Според веќе цитираните студии, интервалите меѓу оброците не треба да надминуваат пет часа. Верувале или не, активните луѓе тоа го прават без размислување – јадат нешто здраво кога се гладни и престануваат да јадат кога се сити. Најдобар начин да си создадете корисни навики е секогаш да имате при рака свежо овошје, зеленчук или сурови јатки за во случај кога телото ви дава сигнал дека има потреба од гориво.
Активните луѓе се движат најмалку 30 минути дневно
Ако тоа не го правите, започнете уште од утре! Минимумот е 30 минути, горна граница нема. Како точно ќе се движите зависи од личните преференции – брзо одење, крос, пливање, возење велосипед, аеробик, јога или пилатес. Важно е да се движите. Се чувствувате премногу исцрпено за да спортувате? Пробајте Bee Pollen за брзо зголемување на енергијата.
Активните луѓе пијат вода
Газираните пијалаци, алкохолот, кафето и црниот чај не само што имаат празни калории, туку и не му помагаат на организмот да ги обезбеди неопходните течности. Напротив – дополнително го дехидрираат. Заменете ги со изворска, минерална или филтрирана вода од чешма. Друга добра опција во студените денови е Aloe Blossom Herbal Tea, бидејќи е ароматичен, вкусен, без калории, корисен и без кофеин.
Активните луѓе јадат овошје и зеленчук
Овошјето и зеленчукот се нискокалорични и богати со витамини, минерали, антиоксиданти и флавоноиди. Препораката на лекарите е да се консумираат по шест порции дневно. Направете го јадењето овошје и зеленчук ритуал што ќе го следите секој ден. Наместо да посегнувате по кутијата со бомбони, переци или бисквити, јадете јаболка или морков. Ако има денови кога не успевате да консумирате доволно овошје и зеленчук, дополнете го режимот со Fields of Greens.
Донесете одлука и започнете свој нов активен живот уште денес! Во 2026-та научете да мислите активно. Создавањето нови навики одзема време, но сега е одличен момент да започнете. Откако ќе ги направите овие пет основни насоки дел од секојдневието, ќе почнете да се чувствувате извонредно и никогаш нема да сакате да се вратите назад!