Подобро кога се заедно
Козметичкиот режим треба да се адаптира за да одговара на специфичните потреби, како наутро, така и навечер.
Точно тоа е и идејата на двете нови млека за лице – осветлувачкото FOREVER VITAMIN C и хранливото FOREVER BAKUCHIOL. Дуото предлага целна нега, создадена да ја поддржи кожата од изгрев до залез на сонцето.
Синергична козметика
Наутро FOREVER VITAMIN C ја осветлува кожата со природен сјај, а навечер FOREVER BAKUCHIOL помага за намалување на видливите знаци на стареење. И двете млека се богати со чистиот гел од внатрешноста на листовите на нашето алое вера, а нивната конзистенција е лесна, свиленкаста и се топи во кожата. Рецептурите им се чисти, погодни за вегани и за сите типови кожа, не содржат аромати, фталати или сулфати.
Користени заедно, двата серуми го олеснуваат одржувањето на оптималниот изглед на кожата – сјајна преку ден и обновена преку ноќ.
FOREVER VITAMIN C
Дневен сјај: осветлувачкото млеко за лице содржи моќна концентрација од 6% клинички тестиран витамин С за посветла и сјајна кожа.
Деталите: FOREVER VITAMIN C придонесува за изедначување на тенот и видливо ја намалува појавата на пигментни дамки, фини и подлабоки брчки со исклучително стабилна форма на витамин С растворлива во масти. Содржи и хидролизирани естери од јојоба за нега на кожата, како и две масни киселини – етил линолеат кој помага за поддршка на природниот pH баланс на кожата и изосорбид дикаприлат за подобра хидратација. Наменет за користење наутро, FOREVER VITAMIN C го осветлува тенот на кожата и ѝ дава сјај преку целиот ден.
☼ Видливо ја осветлува кожата
☼ Придонесува за здрав сјај
FOREVER-BAKUCHIOL
Обновување преку ноќта: хранливото млеко за лице го помага намалувањето на видливите знаци на стареење со 1% бакучиол – природна, растителна алтернатива на ретинолот.
Деталите: бакучиолот нуди погодни предности како производите со ретинол, но е понежен за кожата. Направен за употреба навечер, FOREVER BAKUCHIOL помага за намалување на појавата на фини и подлабоки брчки и се грижи за обновување на кожата. Во неговиот состав има хидролизирани естери од јојоба кои ја поддржуваат природната кожна бариера, ја задржуваат влагата и чувството за мекост.
☾ Видливо го изедначува тенот на лицето
☾ Ја измазнува структурата на кожата
Вашиот козметички ритуал – понапреден
Лесно е да вклучите FOREVER VITAMIN C и FOREVER BAKUCHIOL во вашата дневна козметичка рутина. По чистењето и тонирањето, и двете млека за лице се логичниот трет чекор пред хидратирање и задолжително користење на лосионот за заштита од сонце преку ден. Тие одлично ги дополнуваат останатите производи за нега на кожата на Форевер и идеално се вклопуваат во вашиот козметички ритуал.