Свежина и чистота
Гелот за заби FOREVER BRIGHT TOOTHGEL обезбедува миење на забите за целото семејство со моќта на алое вера, пчелен прополис и природна арома на нане.
Дизајниран со внимание
FOREVER BRIGHT TOOTHGEL ќе ја освежи вашата секојдневна лична хигиена. Неговата нежна рецептура без флуор комбинира алое вера со други природни состојки за чисти заби и свеж здив.
Вложениот труд во дизајнирањето на FOREVER BRIGHT TOOTHGEL, го издвојува од останатите слични производи на пазарот. Форевер посвети години на истражување во соработка со научници и стоматолози, за внимателно да создаде безбедна и неабразивна формула на база на алое вера, погодна за сите дома. Резултатот е пенлив, густ, темнозелен гел со природна арома на нане.
Состојки за вашиот мир
Во основата на формулата на FOREVER BRIGHT TOOTHGEL е чистиот гел од внатрешноста на листовите на алое вера на Форевер, сертифициран од Меѓународниот научен совет за алое за својот висок квалитет.
Алоето е ценето со векови поради неговите смирувачки својства, а во FOREVER BRIGHT TOOTHGEL тоа придонесува за регенерација на непцата и свеж здив.
Пчелниот прополис е природна супстанца која пчелите ја користат за да ги заштитат своите кошници. Тој ја дополнува формулата, му помага на организмот да ги потисне патогените и ја поддржува добрата состојба на непцата и на целата усна шуплина.
Нега на која можете да сметате
И навечер пред спиење, и наутро пред почеток на денот, FOREVER BRIGHT TOOTHGEL ќе се вклопи идеално во вашиот хигиенски режим и ќе го поддржи сјајот на вашата насмевка со долготрајното чувство на чистота и свежина.
Со алое вера, пчелен прополис и природна арома на нане, FOREVER BRIGHT TOOTHGEL е одличен избор кога сакате да се грижите за вашата насмевка самоуверено и да го подобрите квалитетот на животот.
Кратки факти
- Помага за здравјето на непцата
- Го освежува здивот
- Придава усещане за свежест
- Без флуор
- Нежен за забите
- На база на гел од алое вера
- Содржи прополис
- Природна арома на нане