Како да одржуваме добра форма?
Едно од прашањата што најмногу нѐ загрижува е: „Како да ја пронајдам најдобрата диета за мене?“
Ова е разбирливо со оглед на мноштвото повеќе или помалку популарни режими на исхрана со кои сме преплавени од секаде. Едни се потпираат на значително намален внес на калории, други на консумирање само одреден вид на храна, а ветувањата за резултати се вртоглави.
Како да познаеме добрата диета?
Ако треба накратко да ги сумираме целите што си ги поставуваме кога започнуваме да следиме одреден режим на исхрана, тие се: да успееме да ослабеме и да ги задржиме постигнатите резултати што е можно подолго време.
За да ослабеме здраво и трајно, треба да преземеме неколку важни чекори. Да видиме кои се тие…
Целта мора да биде реална и остварлива
Да, тешко е да се откажеме од нашиот сон за одлично тело, особено имајќи предвид дека современите општества држат до изгледот и често ја изедначуваат привлечноста со виткото тело. Но обично тоа не е реално. Многу поважно е да си поставиме за цел да бидем здрави и витални.
Пресметајте го индексот на телесна маса и откријте во која категорија спаѓате. Ако страдате од прекумерна тежина, макар и во лесна форма, преземете мерки да ослабете.
Упорност и трпение
Една од најголемите грешки кои ги правиме е брзањето. Сакаме за една или две седмици да ги намалиме килограмите кои сме ги трупале со години, и подготвени сме да се подложиме на секакви драконски лишувања само да го постигнеме тоа. Обично резултатот од такви диети е забавен метаболизам, различни здравствени проблеми, а килограмите се враќаат експресно.
Може да се каже дека изгубената тежина не е најважната работа за успехот на дадена диета. Ако вагата покажува помалку а тоа се должи на изгубената вода или уште полошо – на мускулната маса, резултатот не треба да нѐ радува. За да сме здрави и во добра форма, треба да се ослободиме од вишокот масти. Експертите се согласни дека најздравото слабеење е кога се губат половина до еден килограм неделно. Во многу случаи мерка за успехот е намалениот обем на одредени делови од телото, бидејќи масното ткиво зафаќа голем волумен, а тежи малку.
Промена на животниот стил
Нема шанси да се радуваме на нормална тежина и добра форма преку целата година, ако се стремиме да се вратиме во форма само недела-две на почетокот на летото. Целта се постигнува со секојдневни напори преку целата година. И ако сега некој е преплашен дека за да биде во добра форма треба да престане да јаде, не треба да се плаши. Но, не треба да очекувате дека ќе постигнете резултати без воопшто да го промените начинот на живот. Оценете ја дневната рутина – што и колку јадете, дали доволно се движите, што можете и треба да промените за да бидете во форма.
Пресметајте ја количината на калории што ви е потребна и обидете сѐ да се држите до неа. Научете да разликувате „добра” од „лоша” храна.
Уживајте во секоја минута
Сите имаме добри и лоши денови, денови кога сѐ оди глатко и други кога не успеваме во сѐ што правиме. Многумина ја користат храната како извор на добро расположение –чоколадо, слатки, еден или два аперитива... И ако нашето лошо расположение предизвикано од времето, тинејџерските каприци на децата или проблеми со другите, се одолговлекува, стрелката на вагата почнува да оди надесно, а омилените панталони стануваат потесни.
Ако минувате низ слични фази, научете да не се предавате лесно на искушенијата. Јадењето чоколадо сигурно нема да ја отстрани причината за лошото расположение, а може да стане извор на идни проблеми. Пробајте алтернативни начини за да го вратите доброто расположение – заменете ги слатките искушенија со таблетите со арома на бисквити со лимонов крем Forever Sensatiable, направете долга прошетка, испијте чај со лажица мед, пуштете ја омилената музика.
Програмата за контрола на тежината на Форевер С9 не нуди само здрава, ефективна и лесна диета, туку и комплетен режим за активен живот и добра форма.