Изгледај добро, чувствувај сѐ прекрасно

Форевер

На почетокот на новата година особено е важно да вложиме максимални напори за да бидеме во најдобра можна форма. Поставувањето на цели има многу важна улога за ова, а за да ги постигнете, без оглед на која област во животот се однесуваат, важно е да сте самоуверени во сопствената кожа.

Да се чувствуваме добро многу придонесува за среќен и здрав живот. Може да нѝ помогне да ја подобриме самодовербата и да постигнеме подобар квалитет на живот. А најубавото во тоа да се чувствуваме добро е тоа што има верижен ефект. Подобрувањето на еден аспект од нашиот живот може да доведе до поголема самодоверба што ќе нѝ помогне да ја направиме следната позитивна промена.

Производите на Форевер се дизајнирани за да се грижиме за себе, видете како можат да станат дел од вашиот секојдневен режим, за да уживате во поголема самодоверба.

Нега на лицето

Нежната кожа на лицето е изложена на секакви влијанија во текот на денот – сонце, ветар, загаден воздух. Сето ова остава белег на кожата. Вратете ја рамнотежата и нејзиниот сјај со Forever Vitamin C и Forever Bakuchiol. Млекото за лице Forever Vitamin C го осветлува тенот на кожата со концентрација од 6% клинички тестиран витамин C во форма растворлива во масти, а хранливото млеко помага за намалување на видливите знаци на стареење со 1% бакучиол – природна, растителна алтернатива на ретинолот. Активните состојки и во двата производа се комбинирани со хранливата алое вера и јојоба за неповторлива хидратација.

Блeскав поглед

Велат дека очите се огледало на душата. Што кажуваат вашите? Погрижете сѐ сјајот во вашиот поглед да не избледнее со Awakening Eye Cream. Тој содржи патентирани состојки со пептидна технологија кои ја смируваат и измазнуваат чувствителната зона околу очите и видливо ги чистат фините линии, брчките и сенките, за да изгледате посвежи и подобро да се чувствувате.

Нега на кожата

Без соодветна хидратација кожата се опушта и станува збрчкана. Ако вклучите еден едноставен чекор во дневниот режим, ќе ја одржите да биде мека и еластична. Идеалниот лосион за секој тип кожа – Aloe Moisturizing Lotion, содржи хранливо алое, масло од јојоба, колаген и еластин, за да понуди хидратација на лицето, рацете и телото.

Прекрасна коса

Негата на косата е одличен начин да изгледате најдобро можно и да се чувствате самоуверено. Идеалниот партнер на вашата коса е Aloe-Jojoba Shampoo на Форевeр, кој го комбинира чистиот гел од алое вера со масло од јојоба, витамин В5, масло од шипка и арганово масло за здрава, хидратирана и мека коса.

Рајски мирис

Иако изгледа како ситен детал, изборот на соодветен мирис може да има сериозна улога за тоа да се чувствуваме добро. Фините парфеми Forever Alofa и Forever Malosi се идеалниот избор за секој што бара мирис за секаков повод. Во женскиот мирис Forever Alofa цветни ноти како сладок јасмин се испреплетуваат со свежи цитруси и топлиот мирис на сандалово дрво. Софистицираниот Forever Malosi вклучува ноти на бергамот и сандалово дрво, кои се спојуваат со освежителните мириси на кипарис и цитруси.

Дозволете им на овие нежни производи да ви помогнат да изгледате и да се чувствувате навистина одлично секој ден!

Споделете со пријатели:

Нагоре