Природата и науката рака под рака
Поддршката на вашата секојдневна благосостојба не мора да биде комплицирана. Затоа и FOREVER ALOE VERA GEL е толку едноставен – 99,7% чист гел од внатрешноста на листовите.
Зад едноставната формула лежи прецизност на секој чекор. Процесот започнува од алое насадите на Форевер кои се протегаат на над 2 800 хектари во Доминиканската република и Тексас.
Форевер одгледува просечно по околу 40 милиони растенија алое вера годишно и тоа од најхранливата гледна точка – Алое барбаденсис Милер. Откако целосно ќе узрее, секој лист се бере на рака и потоа рачно се лупи, за да се извади чистиот гел од неговата внатрешност. Тој е основата за создавањето на нашиот препознатлив производ.
Дизајниран лесно да се вклопи во секојдневието, FOREVER ALOE VERA GEL е резултат на прецизен процес кој започнува од полињата и завршува со чистата формула. Тој е олицетворение на балансот меѓу природата и науката во секоја голтка.
Стабилизацијата е наука
Прецизноста бара внимателно ракување со гелот од моментот кога ќе се извади од обвивката на листовите на алоето.
Форевер користи сопствена технологија за асептична обработка, која ја зачувува свежината и ефикасноста без додавање конзерванси.
Потоа гелот минува низ строги тестирања пред да биде одобрен за употреба во производи.
Посветени на квалитетот
Нашиот гел од алое вера е сертифициран од Меѓународниот научен совет за алое и има поддршка од експертски тим од научници. Не правиме компромис со суровините, производството или истражувањата и годишно правиме над 1,4 милиони тестови за контрола на квалитет на производите.
Освен тоа, алое вера растенијата одгледани во Доминиканската република и гелот извлечен од нив, имаат американски и европски био сертификати.
Земени заедно, сите овие сертификати, одобренија и студии гарантираат дека крајниот производ е одраз на внимателното култивирање на растенијата на полињата. Алое пијалаците на Форевер се спакувани во 100% рециклирачки PET шишиња, направени од 50% рециклиран материјал.
Свесно одгледување
- 3 000 кози обезбедуваат природно плевење и ѓубрење
- Водата што се користи за миење на набраните листови потоа се рециклира за наводнување на полињата
- Системот за наводнување капка по капка и соларните пумпи ја намалуваат потрошувачката на вода за 90%
- Кората на листовите се враќа назад во почвата, за да ја збогати