Одлично средство за раст на бизнисот
Четворниот пакет од алое пијалаци е нов и супериорен начин да им помагате на клиентите да ја искористат моќта на алое вера. Користете го на следната презентација за производи или бизнис, за да може секој од гостите да го открие омилениот алое пијалак, или да се вљуби во сите четири!
Кој ви е омилениот алое гел? Нема да разберете додека не ги пробате сите!
Новите ЧЕТВОРНИ ПАКЕТИ ги вклучуваат нашите незаменливи алое пијалаци во РЕТ пакување, за да уживате во хранливите квалитети на секој од нив. Во прекрасната кутија добивате Aloe Vera Gel, заедно со Aloe peaches, Aloe Mango и Aloe Berry Nectar. Четирите шишиња и кутијата во која се спакувани се изработени од 100% материјали за рециклирање за да ја чуваме природата.
ALOE VERA GEL
Класичниот чист гел од алое вера на Форевер. Тој е мерилото по кое ги оценуваме сите останати пијалаци. Направен е од 99.7% чист гел од внатрешноста на листовите на алоето за поддршка на имунитетот и дигестивниот систем, како и да помага за апсорпцијата на нутриенти. Не содржи шеќер и конзерванси.
ALOE BERRY NECTAR
Сите хранливи придобивки на нашиот водечки производ – гелот од алое вера, плус антиоксидантната моќ на брусниците и јаболките. Неверојатно свеж, вкусен и богат со витамин С, алое бери нектарот е пијалок на кој не можете да одолеете.

ALOE PEACHES
Нема ништо пооживувачко од слаткиот вкус на праските во комбинација со моќната поткрепа за здравјето на гелот од алое вера на Форевер. Ароматичниот и исклучително популарен пијалак ALOE PEACHES го збогатува новиот четворен пакет со раскошен вкус. Природното пире од слатки и сочни праски го дополнува алоето и со калиум, калциум, антиоксиданси и многу други корисни нутриенти.
ALOE MANGO
Со своите 86% чисто алое вера Forever Aloe Mango ги нуди разновидните корисни својства на нашиот препознатлив гел од алое вера со хранлив додаток од природно пире од манго кое е богато со нутриенти и важниот витамин C. Тропски мирис за сите кои сѐ уште не се навикнале на вкусот на чистото алое и сакаат нешто послатко.

АЛОЕ ВЕРА ПО ВАШ ВКУС
Понекогаш е тешко да се избере. Новите четворни пакети ви даваат шанса да го пробате секој од алое пијалаците, за да го откриете омилениот. А ако веќе имате омилен пијалак и сакате да имате од него за цел месец, изберете некој од разновидните четворните пакети што го содржи само омилениот вкус.
Дали сте сопственик на Форевер бизнис?
Дајте шанса четворниот пакет да му помогне на вашиот бизнис да расте со предност од 15% повеќе бодови!
Четворните пакети сами по себе се одлични алатки за работа, но бидејќи сакаме да имате уште една причина да дадете поттик на вашите продажби со нив, додадовме и дополнителен бонус. Цената им е истата како на четири одделни пакувања пијалаци од алое, но ќе ги добиете со 15% ПОВЕЌЕ БОДОВИ!