Што (не) знаете за маслата за коса?

Форевер Бугарија

Еден од новите производи на Форевер кои беа претставени на Глобалното рели во Бали минатата година е ПОТХРАНУВАЧКОТО МАСЛО ЗА КОСА, кое многу ги израдува долгокосите дами во публиката и малку ги збуни оние кои не се запознаени со овој тип производи.

Ако и вие сте меѓу обожавателите на Форевер кои не се сосем сигурни за што служи овој производ, прочитајте ги следните редови и размислете на кого од блиските и клиентите можете да го препорачате.

Маслата и серумите одамна се дел од негата за кожа, но дури неодамна се здоби со популарност нивното волшебно дејство и врз косата. Можеби модерните долги фризури се еден од поводите за тоа, но маслата за коса се погодни не само за бујни коси – многу мажи со брада исто високо ги ценат.

Што претставуваат маслата за коса?

Ова се производи на маслена основа, дизајнирани да ја измазнат, да ѝ дадат сјај и да ја негуваат косата. Нивните состојки обично се т.н. „суви масла“ кои се извор на витамини и нутриенти за потхранување и заздравување на косата. Другите полезни својства на маслата за коса се хидратација, омекнување, зголемена еластичност, заштита од влажен воздух, измазнување на непослушните прамени, отплеткување, сјај, заштита при чешлање и од оштетување од топлина при стилизиране со фен или пегла за коса.

ПОТХРАНУВАЧКОТО МАСЛО ЗА КОСА на Форевер нуди комбинација од алое и шест растителни масла без силикони, кои се нанесуваат лесно и брзо се впиваат во косата, а се придружени со лесен и суптилен цветно-овошен мирис.

Какви типови коса имаат полза од масла?

Можеби сметате дека супер хидратирачките масла се погодни само за премногу сува коса, но тоа не е секогаш точно. Факт е дека жедната коса дефинитивно има корист од навлажнувачката моќ на маслата, но и други типови можат и треба да ги користат. Ако вашата коса е кратка и/или тенка, можете да користите масло за да го стимулирате нејзиниот раст и да ја заштитите од оштетување. Кај кадрава коса помага за поизразените кадрици и припитомување на разлетувањето. Кај долгата коса помага да се расплете и да го спречи цветањето.

Какви масла содржи производот на Форевер?

Секое од шесте растителни масла во составот на ПОТХРАНУВАЧКОТО МАСЛО ЗА КОСА е без силикони и има своја функција и потхранувачко дејство за да ја негува косата, без таа да натежне. Да ги разгледаме подетално.

Масло од крамбе

Се извлекува од растение од семејството на горчицата кое расте во Средоземноморието. Богато е со витамини А и Е, како и со омега-6 линолеинска киселина. Се смета дека тие состојки ја заштитуваат косата од агресијата на околната средина и ѝ даваат еластичност, за да е поздрава, издржлива и флексибилна при чешлање и стилизирање, да не се крши и да не цвета. Маслото го покрива влакното на косата, го хидрира, дава сјај и го измазнува. Незаситените масни киселини лесно се апсорбираат и не оставаат чувство на маснотија.

Масло од јојоба

Тоа е масло кое не е мрсно и лесно се апсорбира, бидејќи има ретка конзистенција. Многу е блиску до себумот произведен од човечкиот скалп и затоа често се користи во шампони и балсами. Маслото од јојоба е богато со витамини Е и В комплекс, неопходни за растот на косата. Ја навлажнува сувата и истоштена коса, ја омекнува и ја прави полесна за чешлање. Ја зајакнува косата, го намалува кршењето и цветањето. Дава сјај и здрав изглед, ја измазнува косата и ја скротува.

Масло од патауа

Се извлекува од плодот на амазонска тропска палма. Многу е богато со антиоксиданти како каротеноиди, извор е на аминокиселини, олеинска киселина, токофероли и стероли. Маслото од патауа ја контролира загубата на вода од косата и ѝ дава сјај. Омега-9 масните киселини и високата содржина на витамин Е ја негуваат косата, без да ја мрсат.

Масло цубаки

Ладно цедено масло од семето на прекрасното дрво јапонска камелија. Има способност да проникне длабоко во влакното и да го зајакне одвнатре, за да го спречи кршењето и да ја зголеми неговата еластичност. Богато е со мононезаситени масни киселини кои ги зајакнуваат фоликулите и го подобруваат здравјето на скалпот. Маслото цубаки е лесно и не ја сплескува косата, туку ја прави сјајна и ја заштитува од расцветување. Ја заштитува така што ги пополнува празнините помеѓу клетките на кутикулата и го запечатува влакното, за да не проникнуваат во него хемикалии и други несакани супстанци.

Масло од пекуи

Неговата популарност во Бразил како најдобрата нега за кадрици е ненадмината. Причината е што маслото од пекуи е силно омекнувачко и е богат извор на незаменливи масни киселини, што го прави моќен овлажнувач и средство за измазнување и обновување на оштетената коса. Високата содржина на токоферол и витамин А создава антиоксидантна заштитна бариера од факторите на околната средина. Пекуи е дрво чии плодови се важен дел од исхраната на бразилците, а маслото, извлечено од нивните семки е познато како „златото на Серадо“. Тоа интензивно хидратира и го обновува липидниот слој на секое влакно за да го заштити од оштетувањата од слободните радикали. Дава сјај на косата и ја измазнува.

Масло од шафран

Ја подобрува хидратацијата, ја заздравува и омекнува косата. Има хранливи и антиоксидантни својства и ја штити косата од агресијата на околната средина како ултравиолетовите зраци. Дава сјај и зајакнува.

Колку често и како да го нанесувате маслото?

Тоа зависи од вашиот тип коса и како се грижите за неа. Ако нанесувате по неколку капки од ПОТХРАНУВАЧКОТО МАСЛО ЗА КОСА на Форевер, за да ги хидратирате сувите врвови, слободно можете да го правите тоа секој ден. Но најважно е да си ја слушате косата и да се раководите од нејзините потреби.

Капнете неколку капки на дланката, растријте ги рацете и нанесете со мазни движења по должината на влажна коса од средината кон врвовите. Можете да го нанесете и на сува коса по стилизирање.

Споделете со пријатели:

Нагоре