За куферот за одмор
Без разлика дали патувате преку различни континенти, или уживате во убавината на вашата татковина, важно е да ги понесете вистинските производи со вас.
Затоа во нашиот несесер ова лето има четири омилени Форевер производи кои ќе се грижат за нашата кожа, коса и добрата општа состојба од моментот кога ќе заминеме па сѐ до враќањето. Внимателно одбрани поради нивното ефикасно дејство и удобна употреба на пат, овие основни производи се идеални без оглед на сезоната или климата.

ALOE VERA GELLY
Мултифункционален придружник за одмор ALOE VERA GELLY на Форевер ќе ви послужи како за време на долги авионски летови, така и при појава на неочекувани кожни иритации. Густиот, транспарентен гел смирува, хидрира и негува, погоден е за секој тип на кожа и брзо се впива, без да ја обои облеката. Идеален е за патувања кога сме изложени на секакви иританти – ако да речеме сте биле предолго на сонце, брзо ќе ја олади и смири зацрвенетата кожа. Со високата содржина чист гел од внатрешноста на листовите на алое вера од полињата на Форевер, сертифициран од Меѓународниот совет за алое за својот висок квалитет и чистота, ALOE VERA GELLY ви ја обезбедува целата моќ на драгоценото растение, каде и да ве однесат вашите патувања.

NOURISHING HAIR OIL
Патувањата може да се тешки за вашата коса, заради промените во климата, квалитетот на водата и целокупниот режим. NOURISHING HAIR OIL ја поддржува вашата коса каде и да одите со богатата, но лесна формула со алое и шест растителни масла. Формулата без силикони ја хидрира, дава сјај и ја измазнува косата, без да ја отежнува или да ја прави мрсна. Сувите масла во неговиот состав се извлечени од растенија како јапонска камелија, јојоба и пекуи. Маслото негува и е погодно за секој тип на коса. Алое верата и витаминот Е нудат дополнителна хидратација и заштита, придонесувајќи за мек и добар изглед на косата. Со дискретната цветна арома и брзата апсорпција во косата, производот е неопходен за куферот за одмор.

PROTECTING DAY LOTION
Без оглед дали сте избрале градски туризам, или се излежавате на плажа, PROTECTING DAY LOTION на Форевер е задолжителен за заштита од сонцето. Со фактор 20 од природен цинк оксид без наночестици, тој нуди заштита од UVA и UVB зраците, а истовремено ја храни кожата со негувачки состојки. Комбинација од растителни масла богати со антиоксиданти и незаменливи масни киселини работат рака под рака со компонентите за заштита од сонце, за да ја одржат кожата мека, мазна и хидрирана. Лесната конзистенција е погодна за секој тип на кожа, брзо се впива и благодарение на прогресивната заштитна технологија на базата на цинк помага за заштита на кожата, без карактеристичните бели траги. Лосионот ќе ја одржува вашата кожа во оптимална состојба во текот на целиот одмор

FOREVER MARINE COLLAGEN
Здравиот изглед на кожата треба да се негува одвнатре нанадвор и тоа важи особено кога патуваме. FOREVER MARINE COLLAGEN има силно концентрирана течна формула со висока биодостапност, разработена да ја помага хидратацијата на кожата и нејзината мазна структура. Практичните ќесички со еднократни дози можат да бидат насекаде со вас, а со освежителниот овошен вкус одржувањето на колагенскиот режим е лесно и пријатно. Покрај морските колагенски пептиди овој научно развиен и напреден додаток на исхрана вклучува и антиоксидантни состојки како витамин C и гоџи бери, за да ви помага во борбата со слободните радикали. Цинкот ја поддржува состојбата на кожата, косата и ноктите, делувајќи со колагенот за поддршка на сврзните ткива во зглобовите и кожата. Каде и да одите ова лето FOREVER MARINE COLLAGEN ќе ви помогне да се чувствувате добро во сопствената кожа.