Подобрете ја вашата исхрана по празниците

По материјали на Форевер Велика Британија

Ако сте претерале со пити, баклави, алкохол и тешки оброци за време на празниците, можеби ви е тешко да ги облечете омилените фармерки. Но, причина за загриженост не е само зголемениот струк, бидејќи тешките и мрсни оброци можат да го оптоварат и вашето срце и да го зголемат вашиот притисок и холестерол до опасни нивоа.

Иако и во јануари сме во искушение од празничните трпези, сега е моментот да им свртиме грб на задоволствата и да го промениме начинот на исхрана така што Новогодишните и Божиќните килограми ќе останат само далечни спомени.

Контролирајте ги вашите порции

Според многу истражувања, чести причини за прејадувањето се големините на чиниите, пакувањата и големите порции кои се служат во рестораните. Во 50-те години на минатиот век, просечниот дијаметар на чиниите бил едвај 25 см, но денес е нормално да се храниме во чинии од по 28 и повеќе сантиметри. А ако се вратиме уште поназад во историјата, ќе видиме дека чиниите за главното јадење биле со големина на оние што денес ги користиме за предјадење!

Научниците сметаат дека ако ги намалиме порциите на сите свои оброци преку ден, можеме да консумираме до 228 калории помалку. Но, ако сте се прејадувале за време на празниците, можеби ќе треба да го правите ова постепено, за да не бидете во искушение да грицкате помеѓу оброците. Со постепено намалување на порциите (но без да одиме во крајност и недоволно да се храниме), можеме да го приспособиме стомакот и умот, за да се заситиме со сѐ поскромни количини храна.

Гладување или не

Некои нутриционисти тврдат дека периодичното свесно прескокнување на оброк може да биде корисно кога сакате да намалите тежина, бидејќи го намалува дневниот внес на калории. Методот звучи добро во теорија, но многумина велат дека недостатокот на структура доведува до речиси незабележливи резултати. Затоа, многу поразумно е да се спроведе со помош на специјално разработен и јасно структуриран систем за ограничување на калориите.

Ако ја искористивте промоцијата на крајот на декември и ја набавивте програмата DX4 , сега е моментот да ја искористите! Таа е моќна комбинација од краткотрајно гладување, насоки за исхрана и шест иновативни производи, плус нашиот класичен Aloe Vera Gel и ви помага да го спроведете методот без ризик и со видливи резултати само по четири дена. Покрај тоа што ќе го ослободи вашето тело од вишокот, DX4 ќе го промени и вашиот начин на размислување и вашиот однос кон храната.

Сув јануари

Алкохолот во голема мера е одговорен за празните калории и зголемувањето на телесната тежина. Ако за време на празниците често сте биле со чашка во раката, можеби Заменете оброк со шејк

Ако во зима имате морници од помислата наутро или на ручек да јадете салата наместо сендвич или тестенини, обидете сѐ да ги замените со вкусен и хранлив протеински шејк. Форевер Лајт ултра со аминотеин е уникатен растворлив шејк со соја протеини и висока содржина на витамини A, D, E, и C, различни B витамини и неколку незаменливи минерали, вклучително калциум и железо. Достапен е со вкус на ванила или чоколадо и може да се раствора во кравјо или растително млеко, како и да се додаде во овошно или зеленчуково смути по ваш избор. Forever Plant Protein е друго одлично решение со веган формула. Протеините од грашок и тиква обезбедуваат 17 г протеини во една порција, а алое вера во прав обезбедува вредни нутриенти и ја поддржува дигестијата. И двата вида шејкови одлично се комбинираат со овесн трици, чија семе и Forever Bee Honey за вкусни рецепти.

Фокусирајте сѐ на овошје и зеленчук

Како и да одлучите да ја промените исхраната овој јануари, гледајте да е богата со овошје и зеленчук. Повеќето од вас знаат дека се препорачува да консумираме по пет порции овошје и зеленчуци дневно, но ретко кој од нас го прави тоа. Ако и вие чувствувате дека не сте на потребното ниво, поставете си за цел во 2024-та да се надминете себе си, ставајќи акцент на растителната храна. Не знаете од каде да започнете? Обидете се да мешате бои и видови овошје и зеленчук кога пазарувате. Така ќе ја збогатите исхраната со различни незаменливи хранливи материи, благодарение на кои ќе се чувствувате во добра форма преку целата година!

Споделете со пријатели:

Нагоре