Напред преку продажби на мало

Форевер

Продажбите на мало претставуваат предлагање на производи на клиенти надвор од мрежата на Форевер – преку вашата лична онлајн продавница во foreverliving.com или во личен контакт со блиски, познати и луѓе со кои разговарате за компанијата и она што таа го нуди.

Ваквите продажби по правило се остваруваат по препорачани клиентски цени, но веб продавницата ви предлага и можност да дадете 5, 10 или 15% попуст на клиентите што сакате да ги поттикнете за нивната лојалност.

Добро е да правите разлика меѓу реалните продажби на мало и предлагањето производи по намалени цени, или пак регистрирањето на преференцијални клиенти. Најпрофитабилни за вас како сопственици на Форевер бизнис се продажбите на крајни корисници без попуст и затоа внимателно размислете на кого и за колку време да предлагате попуст во вашата онлајн продавница. Користете ги штедливо и само за луѓе кои навистина ги заслужуваат, бидејќи процентите се одбиваат од вашата добивка.

Запомнете дека генерално попустите при продажби на мало:

  • го нарушуваат угледот на Форевер, кога се прават неселективно;
  • можат да доведат до несогласувања и конфузија меѓу СФБ и клиентите;
  • има ризик да се обесхрабрат сите кои заработуваат првенствено од продажби на клиенти!

Како примерот за продажби на мало што го давате може да ѝ помогне на вашата група?

Ако јасно им покажувате на соработниците како можат да заработуваат од работа со клиенти, ќе им го покажете моменталниот доход што ќе се дуплира надолу во мрежата со добар ефект за вас. Вашиот тим ќе се развива, бидејќи фактот дека вие продавате на мало ќе влее самодоверба кај вашите соработници и ќе создаде можности за градење на бизнис.

Ако ги развиете сопствените вештини за работа со клиенти, ќе можете да им помагате на оние од вашиот тим кои ќе одлучат да се занимаваат само со продажби на мало. Поддршката на оваа активност ќе значи повисок процент на неоткажани соработници, што го стабилизира бизнисот на сите.

И да не заборавиме дека купувањата од клиенти ви помагаат да ја постигате активноста со 4 б. и така да ја избегнете паниката на крајот на месецот.

Како продажбите на мало се корисни за вашите нови соработници?

Тие се одличен начин за брзо стекнување на искуство и најважно од сѐ, за реализирање на дополнителни доходи. Работата со клиенти им помага на вашите партнери исто да стекнат самодоверба и верба во вистинската вредност и придобивки од производите. Таа ќе ги научи да бидат искрени со клиентите и пријатели со колегите.

Со продажба на мало вашите нови соработници ќе ги добијат потребните вештини кои потоа ќе ги пренесат на нивните тимови. Ќе разберат дека со Форевер можат да се добиваат добри дополнителни доходи, ќе сакаат да го дуплираат својот успех и ќе се стремат кон 48% профит од клиенти на менаџерско ниво.

Ако сите во вашата мрежа прават продажби на мало за четири бода секој месец, размислете каков ќе биде вашиот обем и бонус!

Споделете со пријатели:

Нагоре