Целите – чекори до успехот
Постигнувањата директно зависат од конкретните цели. Зародишот на секој успех се крие во тоа да имаме јасна претстава кон што се стремиме, а кога ја комбинираме и со мотивација, добиваме извор на огромна сила. Сите постигнувања во историјата на човештвото се распламтени од искрата на целите, а мотивацијата го одржала нивниот оган да гори.
Четирите категории на луѓе
Мрежниот бизнис нѐ запознава со четири типа на луѓе, дефинирани според нивниот однос кон целите. Првата категорија можеме неформално да ја наречеме „пливачки“ – тие немаат цели и не се ангажираат со ништо, едноставно лебдат по течението. Втората категорија се одложувачи – тие имаат нејасни цели, но не се сигурни дали ќе ги постигнат и затоа избегнуваат да се ангажираат. Третиот тип се оние што се откажуваат, кои се упатуваат кон целта, но се откажуваат штом ќе наидат на потешкотии или работите стануваат тешки. Четвртите се посебна сорта на луѓе, тие немаат ништо заедничко со првите три типа. Тоа се лидерите кои до еден имаат јасни цели, се ангажираат со нив и ја плаќаат цената да ги постигнат. Затоа што кога човек сака сѐ, треба да е подготвен да даде сѐ.

Законот за експлозивен раст вели дека за да израстеш, треба да предводиш следбеници, а за да го умножиш успехот, треба да предводиш лидери. Да не заборавиме и дека нашиот раст определува кои сме, а од тоа кои сме зависи кого ќе привлечеме. Луѓето кои ги привлекуваме го одредуваат успехот на нашиот тим. Затоа не е разумно да си го губиме времето со првите три категории на луѓе.
Целите се соништа со краен рок
Вистината е дека само оние што имаат цели успеваат, бидејќи знаат каде одат. Ако не знаете каде сте тргнале, веројатно никаде нема и да стигнете. Јасно и конкретно дефинираните цели се едноставен начин за апсолутно секој, независно од возраста и животните околности, да ја промени насоката на својот живот.
Можеби сте ја слушнале мислата дека целите се соништа со краен рок за исполнување. Многумина ќе прашаат дали е потребно да се толку конкретни, па дури и краен рок да имаат. Но вистината е дека соништата без доволно јасност и конкретност никогаш не се остваруваат. Човечкиот ум не е склон да преземе нешто нејасно и неопределено. Тој се задвижува само кога му е покажано точно на каде да се упати и кога. Колку е појасна и подетална менталната слика, толку понапорно и поефективно работи умот за нејзиното остварување. Затоа целите треба да се запишуваат и постават на видно место, за да ни се постојано пред очите.

Буквално ништо на светот не може да одврати човек со позитивен начин на мислење и јасно определени цели, придружени со страст за нивно реализирање. Таков човек е лидер и тоа самоуверен. А само самоуверените лидери можат да ги инспирираат другите.
Затоа поставете си цели, запишете ги, дајте им краен рок и станете самоуверени лидери!