Со пролетно расположение до нова фигура
Дали знаете дека пролетните месеци се времето кога најчесто одлучуваме дека треба да го подобриме изгледот и да ја намалиме тежината? Со доаѓањето на пролетта кај нас се буди желба да изгледаме и да се чувствуваме подобро.
Ако сте меѓу оние кои решиле да ги преземат потребните чекори кон нова, потенка фигура, можеби следните редови ќе ви дадат дополнителен поттик во вистинската насока.
Започнете да се движите
Ако почнете да вежбате пред оброците, ќе забележите дека вашиот апетит значително се намалува. Брза прошетка низ соседството, вежби со фитнес топка или скокање со јаже пред вечера, ќе ви помогнат да јадете помали количини храна во овој период на денот кога обично сме навикнале да се храниме пообилно од потребното. Ако пак сте еден од непоправливите „телевизиски манијаци“, можете да го комбинирате гледањето на омилената серија или најновиот натпревар од Лигата на шампиони со соодветни вежби пред телевизор. Потоа, испијте еден шејк FOREVER LITE ULTRA или Forever Lite Ultra Chocolate и подготвени сте за заслужен одмор.
Ако раното станување не е проблем за вас, имајте предвид дека вежбањето рано наутро го забрзува метаболизмот и ефикасно ги согорува мастите. Лесно 30-минутно трчање, возење точак или пливање се одличен старт на денот. Нека вашиот појадок биде комбинација од омиленото овошје со ALOE BLOSSOM HERBAL TEA и две таблети BEE POLLEN. Ќе бидете изненадени колку свежо и работоспособно ќе се чувствувате преку целиот ден.
Ако времето кое можете (или сакате) да го одделите за физичка активност е во средината на денот, тогаш заменете го ручекот со прошетка на отворено. Поканете пријатели или колеги да ви се придружат и така ќе го комбинирате корисното со задоволството. А ако времето е лошо, можете да се качувате и симнувате неколку пати по скалите во канцеларијата или зградата во која живеете.
Чистењето е важно
Програмите за чистење како DX4 и C9, ќе ви помогнат да се ослободите не само од вишокот килограми, туку и од токсините во телото. Тие се одличен старт и дополнителна мотивација по патот до новата фигура и самодоверба. Не ги сфаќајте програмите како период на ограничување, туку како начин брзо и здраво да се ослободите од сѐ што е непотребно, што се насобрало во организмот во времето кога не сте биле толку стриктни со исхраната. Следете ги промените не само во тежината, туку и во обемот, бидејќи масните клетки се лесни, но со голем обем.
Бидете мотивирани
Современите студии покажуваат дека луѓето со позитивно размислување многу подобро се справуваат со стресот, помалку се разболуваат, позадоволни се од животот и се долговечни. И обратно... мрачните мисли ве депримираат, влијаат на вашата самодоверба и на начинот на исхрана. Затоа радувајте сѐ на секое постигнување – колку и да е мало. Насмевнете му се на вашиот одраз во огледалото и обидете сѐ да го засакате па дури и ако во вашата претстава не е совршен. Радувајте им се на комплиментите што ги добивате и брзо заборавете ги навредите. Позитивното размислување ќе ви помогне да ги надминете потешките моменти на диететските програми – доволно е да помислите колку подобро ќе изгледате и ќе се чувствувате откако ќе ги завршите!
Пролетта доаѓа со топли сончеви денови, со мирис на цвеќе, со птичји песни... Дали сте подготвени да започнете со DX4 и C9 уште денес?