Корисните пчелни производи

Форевер

Форевер има неколку пчелни производи кои ја доловуваат суштината на највредните опрашувачи во природата. Од планински мед до прополис – тие се извор на различна природна храна со потенцијал да го поткрепат имунитетот, да придонесат за здравиот изглед на кожата и да даваат енергија. Погледнете ги петте производи кои ви носат здравје од кошница.

Пчелен полен

Почувствувајте ја моќта на еден од природните извори на енергија со ПЧЕЛНИОТ ПОЛЕН на Форевер. Вредните пчели летаат од цвет на цвет и собираат полен кој е одличен извор на протеини, аминокиселини, јаглехидрати, витамини и минерали. Поленот служи за храна во кошерот и е познат по природните својства да ја зголемува енергијата. Додатокот на исхрана на Форевер е природен пчелен полен, во комбинација со мед за дополнителна сладост и вкус, во практична таблета. Лесно сварлив и добро се апсорбира, тој е целосно природен извор на енергија и нутриенти што ќе ви дадат поттик во напорниот ден.

Пчелен прополис

Прополисот или пчелниот лепак е смолеста супстанца што ја произведуваат пчелите од восочните материи што ги собираат од цветни пупки и кора од дрвја. Во кошерот прополисот се користи за заштита на пчелното семејство од надворешни влијанија. ПЧЕЛНИОТ ПРОПОЛИС ги доловува овие природни одбранбени механизми, обезбедувајќи поддршка за нашиот имунолошки систем. Преполни со флавоноиди и други корисни соединенија, овие таблети за џвакање обезбедуваат клучни нутриенти без вештачки адитиви. Прополисот лесно се апсорбира и е лесен начин за природно подобрување на вашето здравје – особено корисен во есен и зима. Кога се користи со ПЧЕЛНИОТ ПОЛЕН тој може да ви помогне да се наполните со потребната енергија за здрав и активен начин на живот.

Матичен млеч

Тајната на долговечноста на матицата која живее многу подолго од останатите жители на кошницата е специјалната кралска исхрана. МАТИЧНИОТ МЛЕЧ ви помага да ја дополните вашата исхрана со истата хранлива моќ. Млечот содржи 10-HDA – уникатна масна киселина со многу потенцијални здравствени придобивки заради природните протеини, минерални соли, аминокиселини и витамини, поддржувајќи ја општата добра состојба и природната енергија. МАТИЧНИОТ МЛЕЧ лесно се апсорбира и може да се зема заедно со ПЧЕЛНИОТ ПОЛЕН и ПЧЕЛНИОТ ПРОПОЛИС.

Алое прополис крем

Погоден за тело и за лице, АЛОЕ ПРОПОЛИС КРЕМОТ е богата комбинација од две моќни состојки – чист гел од внатрешноста на листовите на алое вера и пчелен прополис. Резултатот е хранлив крем кој ѝ помага на кожата да го одржи убавиот тен и структура. Пчелниот прополис формира природна бариера врз епидермисот, која ги зачувува корисните својства на алоето во кожата, а помага и за нејзиното подмладување, бидејќи ја измазнува и ја омекнува. Збогатен е и со витамини A и E за подобра хидратација и нега на кожата.

Мед

Медот на Форевер содржи една-единствена состојка – чист планински пчелен мед. Произведен од пчели кои собираат нектар од лаванда, рузмарин и портокалови насади во шпанската провинција, медот на Форевер има богат и фин вкус со цветни ноти и арома на слатки зачини. Не само што е вкусен природен засладувач, туку е и полн со хранливи материи што ја зголемуваат енергијата. Додадете го во шолја топол чај како БИЛНИОТ ЧАЈ СО ЦВЕТОВИ ОД АЛОЕ или во кисело млеко. Пчелите произведуваат многу повеќе мед, отколку што е потребно за да се нахрани кошницата во зимата, што нѝ овозможува да го собираме, без да ги загрозиме пчелните колонии.

Пчелниот асортиман на Форевер нуди извонредни корисни придобивки од вредните жители на кошниците кои опрашуваат голем дел од растенијата на планетата. Додадете ја моќта на природните производи добиени од малите инсекти во секојдневниот режим за да ја поддржите вашата кожа и целокупната општа состојба.

Споделете со пријатели:

Нагоре