Моќта на базата од клиенти

Форевер

Создавањето на база од редовни клиенти е потребна за редовен дополнителен доход. Откако сопственикот на Форевер бизнис ќе најде и задржи со добра услуга околу дваесетина клиенти, тој со леснотија почнува да ја реализира активноста со 4 б. секој месец.

Дуплирање

Ако ги научите вашите соработници да го прават истото што го правите и вие, тие наскоро ќе започнат добро да заработуваат, што ќе ги мотивира да инвестираат во својата иднина.

Обука

Кога членовите на вашиот тим присуствуваат на обуки, тие постепено ќе ги совладаат потребните вештини за градење на бизнис. Сите знаеме дека Деновите на успех на Форевер и другите обуки се многу важни за зајакнување на вербата во компанијата, во производите и во себе си.

Откако ќе имате стабилна основа од редовни клиенти, ќе може да посветите голем дел од времето на средби со нови луѓе за да ги запознавате со бизнис можноста. Мрежниот маркетинг е она што може да ви донесе навистина сериозни доходи. Ако вашите приоритети вклучуваат спонзорирање на барем едно лице на месец (или повеќе, ако има такви), вашиот тим ќе започне да расте и да се зајакнува. Уште од самиот почеток обучувајте ги соработниците како да создаваат своја база од клиенти и истовремено да ја предлагаат можноста за бизнис на други блиски и познати. Брзо тие ќе започнат да си градат свој стабилен бизнис.

Спонзорирање

Ако вие и тим од само тројца сериозни соработници продавате по две пакувања Aloe Vera Gel месечно на дваесетина клиенти, ќе имате вкупен обрт од околу 160 гелови, што е 16,160 б. во вашиот тим – директно го достигнувате нивото Супервизор.

Што ако вашиот тим се состои од десет луѓе и секој продава по два Aloe Vera Gel месечно на 20 редовни клиенти? Вашиот тим ќе има обрт од 400 пакувања алое пијалаци или 40,400 б. – одлична база за издигнување до ниво Менаџер со 150 б. за четири месеци. Овој систем е одличен за брз раст во маркетинг планот на Форевер.

Препораки

Дали познавате некого што се жали на недостаток на енергија, постојано е изморен и под стрес, имунитетот му е слаб? Дали има луѓе околу вас кои сакаат да си го променат начинот на живот? Размислете што од асортиманот на производи можете да им препорачате, а зошто да не ја споменете и можноста за дополнителни доходи?

Сега е најдобриот момент да станете дел од Форевер!

Споделете со пријатели:

Нагоре