Потрага по среќа
Можеби е време да ги промените работите кои ви пречат да сте среќни во секојдневието. Зошто да не започнете од овие три сфери?
1. Вашиот начин на размислување
Начинот на кој се чувствуваме зависи и од тоа како гледаме на сѐ околу нас. Според истражувањата, свесноста или подлабокото разбирање на околината и тоа што ни се случува во моментот, може да ни помогне повеќе да уживаме во светот. Ова значи да одвоиме време да согледаме што се случува околу нас во сегашниот момент и да го намалиме прекумерното размислување за минатите или идните настани.

Професорот по клиничка психологија во Оксфордския центар за свесност Марк Вилијамс вели: „Кога стануваме посвесни за сегашниот момент, започнуваме повторно да забележуваме многу работи од околниот свет, кои инаку ги прифаќаме здраво за готово. Многумина од нас имаат проблеми од кои им е тешко да се ослободат, но свесноста може да ни помогне да се справиме со нив попродуктивно. Убаво е да се запрашаме дали мрачните и болни размислувања за нешто ќе ни помогнат да го решиме, или единствено ќе се заплеткаме во нашите мисли. Со други зборови да си дозволиме само да ја анализираме ситуацијата, само ако е во нашата моќ да ја подобриме или промениме. Инаку пропуштаме да уживаме во малите работи кои создаваат радост и задоволство во нашиот живот.“
2. Вашето тело
Не може да се чувствуваме добро ако не се грижиме за телото. За да сме во оптимална форма важно е да го наполниме со правилното гориво, со чија помош ќе го извлечеме најдоброто од себе секој ден. Исхрана богата со свеж зеленчук, витамини и нутриенти, комбинирана со редовно движење, звучи доста елементарно, но всушност тие клучни фактори за здрав и балансиран живот ни недостасуваат на огромен дел од нас.

Активноста може позитивно да се одрази и на нашиот социјален живот. Ако се вклучиме во спортска група или локален туристички клуб, може да го прошириме кругот на познати и да го зголемиме нивото на серотонинот како од самото движење, така и кога се смееме со пријатели. Дури и мали промени како вклучувањето на кратка прошетка во дневниот режим или додатоци на исхрана во диетата, се чекор во правилната насока. Запомнете, благодарение на телото го гледаме и перцепираме светот околу себе, затоа треба да се грижиме за него.
3. Вашата работа
Голем дел од времето го поминуваме на службеното место, заобиколени од електронски уреди, а многумина имаат навика да си ја носат работата и дома, независно дали тоа се очекува официјално од нив, или не. Ако ја сакате работата, нема проблем, бидејќи посветувате осум часа дневно на нешто кое ви претставува задоволство.

Но за жал, половината од вработените ја немаат таа среќа, и според истражувањата голем дел од нив сметаат дека си ја згрешиле професијата. Ако и вие сте меѓу нив, можеби е време да направите нешто околу тоа, бидејќи натрупаниот стрес од работата може да има сериозно влијание врз општата физичка и душевна состојба. Ако чувствувате дека дошол моментот за промена на вашето занимање, обратете се кон човекот кој ве насочи на овој текст, и прашајте го каква промена може да ви предложи Форевер.