Губење тежина „во движење”

Тања Стаева

Сите знаеме колку е важен спортот за процесот на слабеење, но често пати не оценуваме реално колку треба да се движиме во секојдневниот живот. По обиколка на целиот град за да пазариме, да отидеме на работа или да посетиме роднини, често се чувствуваме како да сме учествувале на маратон.

Но експертите велат за да има движењето позитивно влијание на нашето здравје, тоа треба да се состои од најмалку 2,5 часа неделно аеробни вежби и најмалку два пати неделно тренинг за сила. Ако сакаме да ослабеме овие цифри треба да бидат уште повисоки. Добрата вест е дека не е потребно физички да се напрегаме одеднаш, туку може да го распределиме на мали делови преку денот. Еве некои идеи како да сте физички активни во секојдневието.

Дома

  • Организирајте со членовите на вашето семејство групна прошетка, возење велосипед до продавница, косење трева пред куќата или некоја омилена игра со топка. Можете да си правите домашни натпревари по чистење на плакари, прозорци, чистење на подови или бришење прашина.
  • Лесните вежби пред јадење го намалуваат апетитот. Предвидете време за енергични прошетки или вежби дома пред вечера.
  • Ако се будите секој ден половина час порано, ќе имате дополнително време за физички напор. Организирајте во домот мал простор каде што можете да тренирате – независно дали со тегови, или за гимнастика.

Во канцеларија

  • Носете удобни обувки. Експертите се согласуваат дека можете да согорите до 125 ккал дневно повеќе, ако се чувствувате удобно.
  • Наместо пауза за ручек или кафе, прошетајте – качувајте се и симнувајте се по скалите, шетајте околу зградата или ако имате можност, одделете неколку минути за јога.
  • Организирајте го ручекот така што ќе може да пешачите до местото каде што ќе јадете. Движењето ќе ви помогне да не се чувствувате толку гладни и ќе се заситите со помалку храна.

Со пријатели

  • Поканете ги пријателите на активна средба. Наместо да се гледате за ручек, вечера или во кафуле, можете да се сретнете во теретана, парк или да одите заедно на јога, пилатес или танц.
  • Запишете се заедно во спортска група. Знаете, ако имате договор за фитнес или спорт, ќе бидете помотивирани да не наоѓате оправданија зошто да не одите.
  • Претплатете сѐ за спорт. Така знаете дека со секое откажување од спорт денес, ќе губите пари.
  • Секогаш имајте спремен спортски ранец – подгответе си удобни спортски обувки и облека, несесер со тоалетен прибор, за да бидете подготвени во секое време.
  • Ако сте возач, чувајте го ранецот секогаш во багажникот на колата.

Што друго да ставите во спортскиот ранец? Видете ги нашите предлози кои производи од асортиманот на Форевер можат да ви користат, кога се движите активно!

Споделете со пријатели:

Нагоре