Влакна: како да ослабеме без да гладуваме

Таня Стаева

Според истражувањата, повеќето луѓе не внесуваат доволно влакна. Се проценува дека здрав возрасен човек треба да консумира најмалку 32 г растителни влакна дневно, но просечниот дневен внес не надминува 10-15 г.

Зголемувањето на количеството влакна во исхраната може да има позитивни ефекти – подобрување на варењето, регулирање на шеќерот во крвта, намалување на холестеролот и помош во борбата со прекумерните килограми.

За да го зголемите внесот на влакна до нивоата кои се препорачани од експертите, започнете со постепено преминување кон храна побогата со влакна, за да му дадете време на телото да се адаптира. Еве некои предлози.

  • Започнете го денот со појадок богат со влакна – овесна каша или мусли со свежо овошје.
  • Пробајте свежа салата од рендани тиквички и моркови или додадете ги овие два зеленчуци на вашето омилено јадење.
  • Посипете ги салатите со семки и јаткасти плодови.
  • Преминете од бели тестенини и леб на опции со цело зрно.
  • Читајте ги етикетите на храната. „Висока содржина на влакна” значи дека во производот треба да има најмалку 5 г влакна во една порција.
  • Додадете во храната банани, капини или хумус.
  • На компирите додадете кромид, печурки и домати.
  • Гответе си варива – леќа, грав, грашок, наут и др.

За да ви помогне да внесувате повеќе влакна, Форевер ви го предлага ФОРЕВЕР ФИБЕР со два вида влакна плус фруктоолигосахариди кои делуваат и како пребиотик. Секоја ќесичка ви обезбедува 5 грама растворливи влакна. Можете да ги посипете врз храната, да ги растворате во гел од алое вера или друг пијалак, или да ги растворите во шише со вода кога сте во движење. ФОРЕВЕР ФИБЕР го олеснува додавањето на влакна во вашата исхрана, што е еквивалентно на околу 1 ½ ч. интегрален ориз или две парчиња леб од цело зрно, но без јаглехидратите и калориите!

ФОРЕВЕР ЛИН е производ со специјални влакна што апсорбираат масти и се извлечени од кактус, наречен бодликава круша. Според истражувањата, овие растворливи влакна имаат способност да апсорбираат голем дел од мастите што инаку би се акумулирале во телото. Во желудникот, екстрактот од бодликава круша се врзува со внесените масти и спречува нивна апсорпција од тенкото црево. Така тие поминуваат „транзитно“ низ телото. Така, освен што е извор на влакна, FOREVER LEAN ви помага успешно да ја контролирате тежината.

АЛОЕ ПИЈАЛАЦИТЕ на Форевер ќе ви помогнат на вашиот пат кон исхрана богата со влакна. За да го поддржите дигестивниот систем при промената на навиките во исхраната, пијте ГЕЛ ОД АЛОЕ ВЕРА. Тој е богат коктел од корисни состојки кој ќе ве исполни со енергија.

Според Американската асоцијација за срце, исхраната богата со влакна може да го намали ризикот од коронарна болест на срцето, од хронични заболувања и од дебелина. Додавањето на влакна во вашата исхрана може да ви помогне да се чувствувате сити подолго и така ќе ја намалите веројатноста за прејадување. Бидејќи режимите на исхрана богати со влакна ја нагласуваат свежата и полнозрнестата храна, тие природно ќе ве водат кон нискокалорична диета.

Споделете со пријатели:

Нагоре