Клиентите се основа на успешниот бизнис

Форевер

Концепцијата на мрежниот маркетинг се појавува во 40-те години на ХХ век, за да им даде можност на луѓето со ограничени финансиски ресурси да започнат сопствен бизнис, инвестирајќи го своето време и труд.

Така тие не добиваат само можност да заработат дополнителни доходи за секојдневните потреби, туку и да си изградат пасивни доходи за идните поколенија. Веројатно и вашите мотиви да се вклучите во Форевер биле такви.

Со нашиот маркетинг план, долгорочната финансиска стабилност е реална и основната причина е што ве учиме да градите бизнис кој се заснова на продажбите на мало. Тоа значи дека вие и секој од вашиот тим се фокусирате да привлечете и задржите 20-30 редовни клиенти. Секако, клиенти сте и самите вие (бидејќи треба да сте својот најдобар клиент!), потоа клиенти се сите ваши блиски и познати кои купуваат производи од вас, без да се вклучиле во вашиот тим и лично спонзорираните преференцијални клиенти.

Сите се извори на прометот од кој се состои вашата месечна активност со 4 б.

Процесот е едноставен, но и доходовен. Секој сопственик на бизнис си гради база од клиенти, спонзорира и ги учи соработниците да го прават истото. Градењето на бизнисот на кој било друг начин неизбежно води до краткорочни доходи, исто како што градењето на зграда на нестабилни темели води до нејзино пропаѓање.Секој обид да го „излажеме“ докажаниот систем ја валка целата идеја на мрежниот маркетинг и не дава трајни резултати.

Современиот свет и технологии од една страна даваат многу разновидни можности за придобивање на клиенти, но од друга страна создаваат поспецифична средина во која треба да умееме да работиме правилно. Денес стоките се исклучително лесно достапни и изборот е неверојатно голем. Се вели дека тоа изобилие влијае на одлуките на купувачите и ја изострува потребата да имаат доверба во брендот кој го купуваат, а истовремено сакаат да се сигурни дека плаќајќи за даден производ или услуга, добиваат навистина нешто вредно и квалитетно.

Затоа односот меѓу клиентот и сопственикот на Форевер бизнис се особено важни и имаат клучна улога за растот на компанијата. Но како да гарантирате задоволство на клиентите и да сте сигурни дека ќе се вратат кај вас за нови купувања?

Кога ги продаваат високо-квалитетните производи на Форевер, сопствениците на бизнис даваат услуга со додадена вредност. Како што веќе споменавме, самата природа на мрежниот маркетинг поттикнува градење на здрави и блиски односи со клиентите. Процесот на МЛМ продажбите дава можност на сопствениците на Форевер бизнис да се трудат да ги разберат потребите на купувачот и да му ги препорачаат најсоодветните производи. Блискиот контакт му дозволува и на секој СФБ да обезбеди ефективна услуга после продажбата , бидејќи секогаш е на располагање за совет и поддршка. Така купувачите стануваат лојални клиенти и основата на вашиот бизнис станува уште постабилна. Пружената услуга е исклучителна и не може да се најде ниту при онлајн купувања, ниту во најскапите бутици. Кога клиентот ќе биде опслужен на високо ниво, има многу поголема веројатност тој да ги препорача производите и услугата и на своите блиски. Моќта на тие препораки не треба да се потцени, бидејќи ефективно ја проширува вашата база од клиенти.

Форевер е компанија чии продажби растат секоја година во продолжение на над четири децении. Ова сугерира дека бизнис моделот на мрежниот маркетинг работи и дека ефективниот метод на продажби кој обезбедува директен контакт со клиентите за консултирање, препораки и совети, има потенцијал да биде бизнисот на иднината.

Денес интернетот е многу распространет канал за продажби, во кој корисниците ја бараат најдобрата цена и најлесниот достап до даден производ или услуга. Онлајн купувањата се зголемуваат, но купувачите не бараат само ниски цени. Затоа не треба да заборавиме колку е важно да им обезбедиме добра услуга на клиентите и после продажбата. Секако дека за човекот што порачува, крајната сума е важна, но сепак тој бара и добар сооднос меѓу квалитетот и цената. Освен квалитетот на самиот производ, тоа би можело да биде и како бил спакуван, колку брзо пристигнал и во каква состојба, услуга после продажба и др.

Има неколку начини со кои сопственикот на Форевер бизнис предлага атрактивен сооднос меѓу квалитетот и цената на клиентите:

  • покажува искрен интерес кон корисникот и го слуша внимателно;
  • бесплатно го консултира кои производи можат да бидат корисни;
  • лично го доставува порачаното;
  • детално објаснува како најдобро се користат производите;
  • останува на располагање за секакви дополнителни прашања;
  • предлага безусловна 30-дневна гаранција за враќање на парите, ако клиентот не е задоволен.

Накратко, сопственикот на бизнис обезбедува персонализирана услуга, прилагодена на потребите на купувачот. Тоа е услуга на високо ниво и не треба да го потценуваме нејзиното значење за корисникот. Имајте на ум дека за да ги привлечете клиентите вашата услуга навистина треба да е со пет ѕвезди – да ја поддржи довербата во брендот и да ви донесе редовни клиенти.

Затоа, ако сакате да имате добри приходи, работете на создавањето на база од редовни клиенти. Ако пак сакате да имате извор на доходи и во иднина, грижете сѐ за задржувањето на клиентите и обучувајте ги вашите соработници да го прават истото. Ако сакате вашите наследници да продолжат да заработуваат од вашиот бизнис, научете ги да продолжат да работат како вас.

Можноста е ваша. Ве покануваме целосно да го искористите нејзиниот потенцијал, така што ќе си изградите независен мрежен бизнис, следејќи го докажаниот систем за работа!

Споделете со пријатели:

Нагоре