Вештина да го дуплираме бизнисот
Без разлика колку сме добри во продажбите, постои ограничување на приходот кој можеме да го добиеме само од лични продажби. Денот има 24 часа и во нив можеме квалитетно да услужиме ограничен број клиенти. Но за среќа мрежниот маркетинг ни нуди уникатна можност значително да ги зголемиме нашите приходи ако научиме да се копираме себе си.
Кога привлекуваме соработници да го прават истото како нас и ги учиме да го прават истото како нас, можеме да го искористиме нивното време, талент и контакти за развој на нашиот бизнис. Ние продаваме и тие продаваат. Ние ја услужуваме личната база клиенти, а тие ја услужуваат својата. Тие заработуваат и ние заработуваме. Со спонзорирањето на нови соработници во нашиот тим, се чини дека се умножуваме како да се наоѓаме истовремено на 5–6 места!
За да може процесот на дуплирање да направи чуда, не е доволно само да „наоѓаме“ нови луѓе. Потребно е и да ги научиме да работат вешто и ефикасно, така како што работиме ние. Можеби некои од „учениците“ ќе нѐ надминат по ефикасност и ќе почнат да заработуваат повеќе од нас, но тоа е предизвик што повеќето сопственици на Форевер бизнис се подготвени да го прифатат.
Незадоволни луѓе
Светот е полн со незадоволни луѓе кои или сметаат дека добиваат помалку отколку што заслужуваат, или не можат да го покажат целосно својот талент на нивната сегашна работа, или сакаат да работат за себе, а не за некој друг, или пак бараат нови можности и насоки за развој на својата кариера.
Не е тешко да најдеме незадоволни луѓе – тие се насекаде. Треба само да научиме внимателно да слушаме за да разбереме што бараат, и да им предложиме решение кое ќе ги заинтригира.
Незадоволните луѓе само ја чекаат појавата на уникатна можност. Ние ги имаме одговорите кои луѓето ги бараат. Но за да им ги дадеме, треба да научиме да ги поставуваме прашањата правилно. Да станеме луѓе кои нудат решенија.

Како да изградиме совршен бизнис тим
За да создадеме одличен тим, треба да развиеме вештина да ги предиспонираме луѓето да гледаат, слушаат, донесат одлука и заработуваат пари.
За некој сериозно да го сфати тоа што го нудиме, тоа мора да биде вистинското решение лично за него. Луѓето секогаш бараат подобар, полесен и поудобен начин за справување со животните проблеми. Ако не ви се верува, само погледнете ги етикетите на неколку производи во блискиот супермаркет. На речиси секое пакување ќе видите натпис „Ново“. Затоа и вие треба да предлагате „нов“ систем за дополнителни доходи и личен успех, разработен врз основа на докажана и профитабилна формула која функционира неколку децении. Научете да раскажувате за неа доволно едноставно и јасно. Развијте верзија од една минута, три минути и 30 минути за тоа како мрежната индустрија и Форевер можат да станат привлечен пат до успехот што човек го бара цел живот.
Како да инспирирате доверба
Многу е важно да ги убедиме луѓето да го слушнат тоа што им го раскажуваме за мрежниот маркетинг, а тајната лежи во нашиот пристап. Има две работи што треба да им ги пренесеме на нашите соговорници. Првата е ентузијазмот. Ако сакаме другите да нѝ обрнат внимание, тие треба да го почувствуваат нашиот искрен ентузијазам. Втората е колку е сериозен нашиот однос кон бизнисот. Ентузијазмот е заразен, но не е доволен да поттикне некого на акција. Нашата презентација мора да вклучува елемент на сериозност и важност. Нашата задача е да ја најдеме рамнотежата меѓу двете. Ако претераме со ентузијазам, наскоро ќе видиме дека луѓето се радуваат ЗА нас, а не ЗАЕДНО со нас. Ако пак претераме со сериозност, ќе исплашиме многумина.

Да поттикнеме активност
Насочувањето на човек да донесе одлука не е лесно, ако претходно не сме го подготвиле. Ако го оставиме сам да одлучи, тој долго ќе се измачува од сомнежи и колебања. Ќе ги одмерува веројатностите и ќе ги размислува ризиците. Ако не интервенираме, процесот може да продолжи до бескрај. Штом сакаме некој да го направи првиот чекор, добро е да му покажеме кои се предностите и какви ќе бидат решенијата на неговите проблеми, ако го направи правилниот избор. Да им дозволиме на луѓето да разберат и знаат дека можноста е реална и може да биде вистинска за нив.
Не може без план
Првиот чекор за да ги убедите луѓето да започнат да заработуваат е да им покажете како можат да ги претворат своите соништа во реалност. Ова се постигнува со тоа што ќе им помогнете да направат личен бизнис план. Планот ќе му помогне на новиот соработник да си ги определи приоритетите. Ако неговата цел е да создаде голем тим, ќе треба да посвети повеќе време. Друга предност на планот е да му покаже на новиот човек какви конкретни активности треба да прави секој ден, секој седмица, секој месец за да ја постигне целта. Само така се постигнува добра организација на работата. Освен тоа, добро разработениот план значително ја олеснува нашата работа како спонзор, бидејќи ни покажува како да го обучиме новиот соработник, какви прашања да му поставуваме и какво ниво на активност можеме да очекуваме од него. Без план и ние, и новиот член на нашиот тим ќе напредуваме значително побавно и потешко ќе работиме во тимот, што пак може да го разочара и да го поттикне да се откаже. И најважно од сѐ, јасниот бизнис план ќе нѝ дозволи да го оптимизираме најважниот ресурс – времето!
Моќта на мрежниот маркетинг е во мултипликацијата, искористете ја!